Тројца еминентни професори по археологија, дваесет години по диоломирањето, ги обединуваат своите сили со цел остварување на нивниот студентски сон - пронаоѓањето на загубениот гроб. Потрагата започнува во Александрија, но по откривање на неколку артефакти истата се префрла на европско тло, во Македонија. Марко, млад водич-кустос од археолошкиот локалитет Стоби, им се приклучува во тимот и сѐ покажува како клучен играч во истрагата. Но и во сопствената замка во која потпаѓаат. Тие не се единствените кои трагаат. Потрагата е полна со пречки. ЦИА, МПЦ и неколку тајни здруженија исто така имаат интерес од истата.
Книга во која уживав со секоја нова страница. Посебно обожавам дела кои те тераат да истражуваш. Впрочем, затоа ја читав малку подолго од другите; ме втурнуваше во светови кои ги имав подзаборавено или во комплетно нови откровенија. И тоа е нејзина силна страна. Учиш нови работи; се збогатуваш како личност. Авторот има огромно знаење од историја и археологија. А делото мене ме врати во детството кога јас сакав да постанам археолог; ми ги разбранува топлите чувства од минатото кога најмногу ми требаше. Многу интересни заплети и расплети, непредвидливи откритија и настани, амалгамации на минатото и сегашноста. Моја топла препорака!
Воедно, и мене ме изненади колку слични работи имаме исткаено и пренесено. На моменти дури останував и со отворена уста. Феноменална (не)случајност, а можеби едно тивко судбинско поврзување. Едвај чекам да почнам со вториот дел. Уште еднаш, моја топла препорака, посебно за ова лето.
Потрагата е првенче на авторот Коцев, но читајќи ја истата воопшто нема да добиете таков впечаток. Романот изобилува со историски податоци за античкото минато на Македонија, и динамична приказна која ве тера да ја поминете приказната што е можно побргу. Севкупно, одлично деби остварување во жанровската литература кај нас.
Позитивно изненадување од дебитантско дело! Панче Коцев успева вешто да го спои своето работно искуство како туристички водич во античкиот локалитет Стоби и службата во полиција во една возбудлива приказна што се движи на работ меѓу фикцијата и фактите. Иако жанровски најблиску до историска фикција, книгата е цврсто втемелена во реални настани и археолошки податоци, што ѝ дава дополнителна тежина и автентичност. „Потрага по изгубениот гроб“ е читливо, динамично и нуди нешто ново на македонската книжевна сцена. Со нетрпение го очекувам продолжението!
Дали е поважно да го пронајдеме изгубениот гроб или да ја разбереме приказната што минатото се обидело да ја сокрие?
Читајќи го романот малку се засрамив од тоа колку малку знам од нашата историја и колку многу од тоа малку што го знам сум го подзаборавила. Но, среќна сум што ете се потсетив и можам слободно да кажам дека Панче Коцев во романот совршено ги споил и испреплетил приказната која ја осмислил и археолошките истражувања, древните записи, легендите, како и нардодните преданија кои со векови го боцкаат и предизвикуваат човечкото љубопитство. Совршено ги вметнал историските факти и изградил возбудлив роман кој едноставно нема да ви се испушти од рака.
Преку потрагата на изгубениот гроб за Кралот над кралевите успешно не воведува во еден свет за кој сакаме повеќе да дознаеме, свет кој го знаеме, свет кој некој сака да ни го одземе, да си го присвои, свет во кој еден гроб е како симбол на нашата желба да допреме до минатото, корените, одговорите кои ги бараме за да ја победиме заборавеноста. Затоа ли копаме по минатото? За да најдеме нешто? Тоа нешто што го бараме, историјата е или доказ дека животот што го живееме е дел од нешто поголемо?
Овој роман од срце ви го препорачувам на сите. Додека го читате целосно ќе уживате и во приказната и во историските факти, но и во легендите кои не се само најголемиот украс на романот, туку се дел неговата душа кои ги поврзуваат минатото и сегашноста, низ археологијата како филозофија на опстанокот, филозофија на незаборавеноста.
Александар Македонски го освоил половина свет, но дали времето го освоило него? Каде му се коските? Ќе погрешам ако прашам дали и бесмртноста му се наоѓа во гробот? Или таа е во приказните кои продолжуваат да се раскажуват и пренесуваат?
Потрагата по загубениот гроб е возбудлив криминалистичко-историски трилер кој е исполнет со историски факти,митови и преданија. Полициските постапки се детално и прецизно опишани,додека описот на местата во кои се одвива дејството е за восхит бидејќи не пренесува токму на тие места. Секој лик има своја позадина и приказна и се детално разработени. Овој роман ме потсетува на книгите на Ден Браун и како и за неговите книги така и за овој роман треба голема концентрација.
Тројца еминентни професори по археологија тргнуваат во остварување сонот- Потрага по гробот на Александар Македонски. Во потрагата им се вклучува и младичот Марко кој со своето знаење од историјата и археологијата им помага и игра клучна улога во потрагата. Но, патот до пеколот е поплочен со добри намери,па така во целата книга се случуваат безброј пресврти,и колку тие повеќе се доближувааат до вистината,толку повеќе се во опасност. Откривањето на гробот на Александар е откритие кое јавноста не е подготвена да го доживее. Во овој натпревар се вклучени моќници кои ќе направат се за да оди по нивниот план. Во оваа игра се вмешува и ЦИА,која како агенција не може да биде изоставена и надвор од игра. Потрагата прво започнува во Египет,за потоа да биде пренесена на европско тло,токму во Македонија, како и во Грција. Секоја страница е пополнета со нова загатка и информација. Книгата заслужува да биде вклучена како дополнителна литература во средните училишта,бидејќи има многу работи кои може да се научат од неа, а во тоа помага и стилот на писателот кој ни ги пласира информациите на еден интересен начин.
Одлична авантура и мистерија која ќе ве натера да се заинтересирате уште повеќе за античката македонска историја.Покрај одличниот наратив и приказна, книгата е ризница на податоци кои можеби ќе ја скокотнат вашата имагинација на моменти и ќе ве принудат да прочитате нешто повеќе за самите локации во книгата.Ќе го разбуди она македонското, исконското во вас.Книга што секој Македонец треба да ја прочита.Браво за Панче!
Потрага по загубениот гроб од Панче Коцев, прекрасно ретко дело. Успева да не пренесе на места кои се случувале во минатото. Дело исполнето со историски факти, преданија.. Ликовите и местата прекрасно и детално опишани.. "Добрата книга ќе ве фати уште од почетокот и ќе ве однесе на патување кое никогаш нема да го заборавите" - Лорен Хамонд
A story about Macedonia, an ancient but also a modern land. A story about the greatest man in history and all the mysteries following him. Finally, a crime story. An exceptional twist by the macedonian Dan Brown, Panche Kocev.
This entire review has been hidden because of spoilers.
Amazing and exceptional!!! History and mystery all together mixed in Macedonian heritage and archaeology! One great book for every next generation of Macedonians!
Прекрасна авантура, поврзана со мистерија и историја. Со нетрпение го очекувам продолжението ❤️ Македонска верзија на Кодот на Да Винчи :) Се чита во еден здив 📖