„...секогаш личат една на друга. Ретки се оние што имаат талент да направат нешто различно.“ Цитатот го вадам од контекст, сакајќи да кажам дека Ирена Јорданова го има тој талент да направи нешто различно; нешто толку интересно што ме остави без здив во повеќе наврати.
Мило ми е што конечно ја прочитав. Досега ја имав прочитано само (засега) нејзината најнова, Послушен брод што плови и навистина ми се допадна. Ама, „Помеѓу“ ѝ е за едно цело ниво подобра. Една од најубавите најубавите книги од помлада генерација македонски писатели, воопшто.