Блаже Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
Ова е една од последните поетски книги на Конески, напишана во еден здив, во период од 30-40 дена. Би ги издвоил песните: „Зборот“, „Починка“, „Похвала“, „Татковина“...