Во предвоениот период имате едно типично македонско семејство каде со родителите живеат и тројцата синови. Недоразбирањата меѓу нив и генерацискиот јаз предизвикуваат жестоки конфликти.
"Не кажувај на светот што мака имаш. Не сака светот да знае. Си има светот свои маки"
"Вие сте осудени да живеете во состојба на пропаѓање. Не на пропаст, затоа што пропаста е дефинирана состојба, и не на благосостојба, од која сте толку далеку, туку на пропаѓање. Постојано и постојано пропаѓање, Во истите дупки. На ист начин. Повторно и повторно. Упорно и тврдоглаво. Никогаш не извлекувате никакво искуство."
"Европа ве бара? И се прди на Европа за вас. Не знаете да се чувате. Живеете на вересија. Ќе загинете по некои дупки, ќе ве изедат пајажини, името ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас. Солзи немам да веисплачам колку сте за тажење."
"Ти ќе го продаваш тоа што САМИОТ ќе го спечалиш и изградиш. Овде НЕ чепкај. Ова е МОЕ."
Ова важи и за нас сега. Оваа драма е како страотно предупредување!!!
Ха, па незнаев дека во толку кратко дело може човек да вметне таква голема порака, со ликови кои се застапници на многу идеологии и мислења! интересна драма.
Драмата „Диво месо“ од Горан Стефановски е едно од најзначајните дела на македонската драмска литература, во кое маестрално се прикажува распадот на едно семејство во сенката на историските превирања. Преку судирот меѓу генерациите, различните идеологии и немоќта да се најде заеднички јазик, Стефановски го открива чувството на збиеност и безизлез што го прогонува човекот. Во оваа драма особено силно одекнува мислата: „Луѓето се секогаш исти. Какви ќе се родат, такви умираат.” – реченица што ја потврдува трајноста на човечките слабости и непроменливоста на карактерот. Истовремено, преку зборовите „Не кажувај на светот што мака имаш. Не сака светот да знае. Си има светот свои маки.”, се доловува осаменоста на поединецот и тешката вистина дека секој ја носи својата болка тивко, без надеж за разбирање.
„Диво месо“ не е само семејна приказна, туку универзална драма за човекот, неговите стравови и неисполнети копнежи, која и денес е актуелна со својата длабочина и искреност.
Кога завршив со читање на драмата, сфатив колку е добра драмава. Силни впечатоци ми остави. -------- Дејството се случува непосредно пред WWII во Скопје. Првата сцена е во куќата на поранешниот ѕидар, сега инвалид- Димитрија, тука се неговата жена Марија, снаата Вера, жена на најстариот син, Симон. Симон е келнер во еден ресторан и многу пие. Средниот син, Стефан е референт во салон за автомобили, а најмалиот син, Андреја работи во бакалница, но тој е и со напредни идеи. Имено, тој се подготвува за протест за работничките права, има социјалистичко- комунистички идеи. Главниот лик е несомнено Стефан, го викаат и Стево. Сите во куќата се спремаат за куќата слава, Св. Илија. Стево најавува дека вечерта нема да биде тука кога ќе дојде попот. Но, попот доаѓа порано, затоа Димитрија се лути. Херман Клаус се најавува ненадејно дека ќе дојде во посета на Херцог(кој е Евреин), раководителот на салонот на автомобили. Херман Клаус е Германец кој е сопственик на повеќе такви салони. Токму затоа, Стево не сака да биде дома, сака да оди во домот на Херцог, каде е приемот на Клаус. Поточно, Херцог го викнал бидејќи го смета за еден од најдобрите вработени во салонот. Таму, Клаус го фали Стево дека тој добро зборува германски. Стево гледа шанса за подобра иднина во Германија, за подобра кариера и живот. Во следната сцена, Сара, ќерката на Херцог и Стево се во нејзината соба, Стево таму кажува неколку стихови за кои Сара прво му кажува дека се тоа преубави стихови и го прашува дали се негови. Тој одговара потврдно, но таа потоа му забележува дека тоа се последните стихови од еден сонет на Петрарка. На крајот му ја открива едната града и ја става неговата рака на неа. Секунди подоцна, вратата од собата се отвора и Сивиќ, помошникот на Херцог ги наоѓа двајцата внатре. Тука завршува оваа сцена. Понатаму, Клаус и Стево разговараат(не во куќата на Херцог, туку на друго место) и Клаус му вели дека тој сака да ја пробаа таа нивна позната домашна ракија. Стево е изненаден, но тој сака да напредува во високите кругови на Европа, па затоа прифаќа да отидат дома кај нив. Стево во наредната сцена влегува дома и им соопштува на домашните дека Херман Клаус ќе дојде кај нив дома. Домашните побеснуваат и прашуваат кога ќе дојде. Стево вели дека пошол да купи цвеќе и дека ќе дојде наскоро. Клаус доаѓа и и' го дава цвеќето на мајката Марија. Тие го седнуваат на маса и му ставаат ракија и останати работи на масата. Симон е поднапиен па мрмори некои работи, Андреја кажува дека се бори за работничките права, а Стево ги претставува сите во семејството, по име и што работата како и нивните семејни и роднински врски. Потоа, на барање на Клаус, Стево оди во кујната и ја гледа мајка му како се тресе и му кажува два збора на крајот од нејзиното искажување: диво месо. Марија сепак пее една македонска песна, но на крајот ги изговара двата збора: диво месо. Клаус прашува што значи тоа диво месо, на што Стево одговара дека тоа се бабини деветини. Верувањето вели дека ако голтнеш влакно и тоа ти застане на грлото, од коренот на влакното ќе почне да расте месо кое не е човечко и наскоро ќе те задуши до смрт. На што Хермна Клаус вели само „интересно”. Клаус пред да замине, конечно им го соопштува тоа што цело време го намислувал. Вели дека поради конкуренцијата како и побарувачката, треба да го прошират салонот за автомобили. Бидејќи нивната куќа е залепена за салонот, им понудува 50 000 динари за да се иселат и фактички да му ја продадат куќата. Димитрија веднаш одбива, а Стево вели дека ќе размислат. Се разбира, Стево сака да му угоди на Клаус. Клаус си заминува, а веднаш потоа избувнува караница. Димитрија му кажува дека тоа што тој го градел нема право Стево да го уништи. Стево излегува. Иако веќе Сивиќ му има кажано на Стево да го потсмири неговиот брат бидејќи на многумина им смета со неговите погледи, наскоро Андреја е во затвор. Стево го посетува и Андреја меѓу другото(му кажува дека под прагот и револвер и и летоци скриено) му кажува два збора: диво месо. Во тој период Симон е на воена вежба, но избегал и отишол во јавна куќа. Сцената се одвива во собата на проститутката Мими. Доаѓа Стево и го прашува зошто не е на вежба, Симон тогаш се лути и почнува да вика со што обвинува Стево дека тој е крив за сè што се случува со и во нивното семејство. Стево си заминува. Во четиринаесеттата сцена, во куќата на Андреевиќ(семејството) Димитрија го делка свирчето, Вера лежи и Марија седи до неа и пее. На вратата некој тропа и Димитрија отвора. Сивиќ влегува и става коверт со 25 000 динари на масата и им кажува дека веднаш мора да ја напуштат куќата бидејќи работниците се надвор и ќе ја рушат куќата. Во Сцената 15 Стево оди во куќата на Херцог и ја гледа Сара каде свири на клавир и прашува каде е Сивиќ(претходно, Стево ги фаќа Сивиќ и Сара на дело). Таа му кажува дека не знае и му вели дека сака да се бацуваат бидејќи никој не сакал да се бацува повеќе со нејзе. Сцена 16 е во хотелската соба на Клаус. Стево влегува внатре и го турка Клаус до ѕидот и ми го вперува револверот. Стево вика и прашува зошто сето тоа го направиле Стево му ги набројува сите работи кои ги направил за него и го прашува зошто така се однесува. Клаус го моли да не го убие, на што Стево респондира со тоа дека ако имал со што да го убие, ќе се убиел попрво себе си. На заминување кажува дека ако не се врати назад со вистински пиштол да го убие, тоа ќе значи дека самиот се убил. Во последната, Сцена 17, се гледаат урнатини од куќата на Андреевиќ. Стево доаѓа и гледа што се случило. Марија потоа ги кажува ��боровите на ѕидари те кои ја правеле куќата, односно желбите и благословите. Марија продолжува да работи, Стево го зема револверот и летците. Седнува, па погледнува револверот. Димитрија почнува да свири со свирчето при што произведува неповрзани аронални звуци. Вера вели дека и' се чини дека му го слуша срцето(веројатно на Стево). Стево пука во воздух.
This entire review has been hidden because of spoilers.