Родена во Скопје на 3 март 1953 година. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работела како новинар во неделникот „Пулс“. Уредник е во телевизија „Телма“. Членува во Друштвото на писателите на Македонија од 1990 година.
Она што ја разликува „Индиго Бомбај“ од книги како “Која е онаа девојка“ или “Зошто мажите сакаат кучки“, т.е. она што е единствена светла точка во оваа женска книга („женска“ во најнавредливата и најстереотипната смисла на зборот) е исцрпната фактологија. Единствено може да и се даде credit на писателката поради нејзиното усрдно и систематизирано проучување на индиската традиција, култура, религија.. Останува отворено прашањето кој тип на луѓе би можел искрено да се заинтересира за оваа проблематика, но тоа ќе им го оставиме на психолозите и циниците. Despite нафрланите податоци и занимливости (бездомниците во Индија спијат со главата издадена на самиот раб на улицата поради наездата стаорци која гризе делови од нивното тело. Бучавата од автомобилите им пречи на стаорците, па така скитниците ја спасуваат главата.) книгата е тотално useless и иритантна. Прирачник за мивки wanna be продуховени, кои во своите триесетти сфаќаат дека има нешто повеќе од надградба на коса и нокти, па почнуваат ургентно да се обидуваат to get in touch со своето битие
Авторкава ме плени со јазикот и неверојатното зборовно богатство. Како да отворив некоја ризница на подзаборавени македонски зборови, како да ги отпретав од некоја пепел, откако сме ги фрлиле во огништето на заборавот. За жал, првичната омајаност од книгата ја снема откако почнав с'е подлабоко да навлегувам во книгата - добив впечаток како донекаде темата да е клише, ликовите недоволно разработени, главниот лик „нит се води, нит се тера“, постојано се врти во некој магичен круг на емоции - ту е разочарана, ту обземена, ту преполна со тага, ту со восхит, како да нема некој „логичен“ след или развој на нејзиниот лик и чувства. Филозофијата на книгата ја доживувам како небулозна или можеби само јас не „бев подготвена да ми се каже“. Во секој случај, не жалам што ја прочитав, секоја чест за одличниот јазик и за темелното проучување на индиската култура и филозофија (и за обрнувањето внимание на детали.) Би прочитала повторно нешто од авторката, ми делува како да има талент, но мора малку да поработи на развивање на ликовите и издржливост на приказната. До следно читање!