What do you think?
Rate this book


268 pages
First published January 1, 1980
Избега Мирче, брат ми.
-Овдека нема живот за мене, рече Мирче, ќе одам во Америка. Слушам и други одат, вели, па и јас ќе одам. Се се прави и се се поправа дури си млад, вели, а после само ги жеволкаш годините.
"Човекот колку поостарува толку и поевтин станува", еднаш рече Лазар Ночески. Дури си помлад и годините се подолги, нели Мирче. Иако времето врви, само тоа останува. Ние си одиме, а тоа останува, вели.
Позајмивме пари, собравме и го испративме донекаде. До џадено, до Скара. И таму запревме и Мирче се сврте и родум ги избаци децата.
-Сврти се уште еднаш кон селоно, кон полено, му вели Уља, којзнае дали ќе го видиш и другош.
И Мирче се сврте со ��авлажени трепки кон селото. Очите му се подзаматени. Небаре студени огледалца внесени на топло. И тој само клепа со влажните трепки, си ги брише огледалцата. И, ај со здравје, со добра мисла, го испративме. Зад себе не остави нас и својата сиромаштија. Ја остави или ја понесе со себе, во својата голема празнина, во својата пустина.