Jump to ratings and reviews
Rate this book

Шеќерна приказна

Rate this book
Шеќерна приказна — книга за деца од македонскиот писател Славко Јаневски. За првпат, книгата била објавена во 1952 година од „Детска радост“, а подоцна има доживеано поголем број изданија.

Книгата се состои од 10 поглавја:

Чуден настан во градот Негобило: Во Негобило, најмалиот град на светот, живеел стариот слаткар Марко, кој бил многу сакан и почитуван. Една ноќ, тој направил шеќерно дете и, целиот возбуден, отишол да им соопшти на соседите. Кога тие влегле во неговиот дуќан, детето го немало и луѓето го обвиниле слаткарот за непријатната шега. Тој останал во сам во дуќанот и почнал да плаче за шеќерното дете.

Лакомото глувче и првата прошетка на шеќерното дете: Во меѓувреме, се случило следново: Кога слаткарот Марко истрчал да ги извести соседите, од една дупка излегло глувче, кое се обидело да го касне шеќерното дете. Тогаш, детето оживеало и избегало на улицата, а потоа, следено од една малечка ѕвезда, го напуштило Негобило.

Во шумата во која некогаш сите пееле: Во една шума, сите животни и растенија сложно пееле по цел ден, предводени од славејот. Меѓутоа, еднашво шумата дошле мечката, лисицата и волкот. лисицата го фатила славејот и сакала да го изеде, но волкот предложил да го грабнат и да го однеста во нивната пештера за таму да им пее. Така, по грабнувањето на славејот, во шумата престанала песната. Тогаш, во шумата пристигнало шеќерното дете и нејзините жители го замолиле да го ослободи славејот.

Во земјата на бубалките, кај рибите и другите речни жители: Зајакот го однел детето во земјата на бубачките, но тие знаеле како може да се спаси славејот. Тогаш, рибите го посоветувале шеќерното дете да замине по совет во земјата Лагарија.

Земјата е тркалезна, од каде да се појде пак таму ќе се стаса: Крапот го однел детето во Лагарија, но и нејзините жители не знаеле како може да му се помогне на славејот. Затоа, тие го упатиле на играчките, кои пак, го посоветувале да ги праша луѓето од градот Негобило. Кога шеќерното дете пристигнало во Негобило, три дечиња почнале да го лижат, а во последен миг го спасил коларот Ване, кој го го зел детето кај себе.

Првата караница во градот Негобило и судијата кој никогаш не судел: Слаткарот марко дознал од децата за враќањето на шеќерното дете и побарал Ване да му го врати детето, но тој одбил. Така, меѓу нив дошло до кавга и спорот морал да го решава градскиот судија кој никогаш претходно немал судено. Тој никако не можел да пресуди кому да му припадне детето, па најпосле решиле тоа самото да одлучи. Меѓутоа, кога го побарале детето, него го немало.

Во џебот на итриот арамија Црната Шубара: Во меѓувреме, во куќата влегол крадецот Црна Шубара, кој му кажал на шеќерното дете да ископа јама во која ќе ги фати мечката, лисицата и волкот. Потоа, тој го зел шеќерното дете и двајцата заминале од Негобило, а потоа тој го заробил детето.

Во крепоста на волшебникот Тарара, кој една минута бил добар а една минута лош: Црна Шубара го наговорил детето да влезе во крепоста на волшебникот Тарара, кој една минута бил добар а една лош. Детето влегло внатре со намера да ја украде старата ламба која имала волшебна моќ, но тогаш се појавил волшебникот. Шеќерното дете му кажало дека дошло по наредба на Црна Шубара кому Тарара наизменично му правел добри и лоши работи. Кога Тарара го претворил Црна Шубара во слон, шеќерното дете се исплашило и ја скршило ламбата. Тогаш исчезнала волшебната моќ на Тарара, кој се претворил во немоќен, сиромашен старец. Тој и Црна Шубара си заминале во различни насоки, а шеќерното дете заминало во шумата во која некогаш се пеело.

Мечката, волкот и лисицата паѓаат в јама: Кога пристигнало во шумата, детето им го изложило својот план на жителите. Потоа, сите заедно ископале дупка, а сојката отишла во пештерата за да ги предизвика лисицата, волкот и мечката. Кога дошле во шумата, таму ги чекал зајакот, кој им се заканувал дека ќе ги истепа, а кога тие се затрчале да го фатат, сите паднале во јамата. Жителите на шумата започнале да се веселат, а потоа отишле во пештерата каде бил заробен славејот.

Сите пеат, пее дури и буковата пенушка: Во дупката, волкот ја изел лисицата, а него го изела мечката која притоа се задавила и умрела. Жителите на шумата пак почнале сложно да пеат, дури и буковата пенушка, а откако славеле три дена и ноќи, детето се збогувало и заминало во Негобило со намера да ги изучи коларскиот и слаткарскито занает

56 pages

First published January 1, 1952

51 people are currently reading
664 people want to read

About the author

Славко Јаневски

68 books29 followers
Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920 - Скопје, 20 јануари 2000) бил истакнат македонски раскажувач, романсиер, поет, филмски сценарист, есеист и сликар.
Во Скопје завршил основно и стручно-техничко училиште. Од 1945 година е уредник на првиот македонски весник за деца „Пионер“, а потоа бил главен уредник на повеќе книжевни списанија, како што се: списанието за деца „Титовче“, списанијата за литература и уметност „Нов ден“ и „Современост“, литературниот весник „Хоризонт“ и хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Во меѓувреме работел како уредник во издавачките куќи „Кочо Рацин“, „Наша книга“ и „Македонска книга“.
Јаневски е автор на многуброjни книги за деца, патеписна проза, збирки раскази, романи и поезија. Неговиот роман "Селото зад седумте јасени" од 1952 е првиот роман објавен на македонски јазик. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги постави темелите на современата македонска книжевност. Во спомен на неговото дело, на 29.1.2010 во паркот „Жена-борец“ во Скопје бил откриен споменик на Јаневски, дело на академикот Томе Серафимовски.
Јаневски оставил трага и во македонската кинематографија, како автор на неколку филмски сценарија: во 1967 година, тој ја адаптирал класичната историска драма на Војдан Чернодрински "Македонска крвава свадба", во режија на Трајче Попов; соработувал со Панде Ташковски на филмската адаптација на епскиот воен роман "Доследни на заветот", пренасловен во "Македонскиот дел од пеколот", во режија на Ватрослав Мимица; и ја адаптирал сопствената хуманистичка новела "Две Марии" за филмот со наслов "Јазол", во режија на Кирил Ценевски.
Славко Јаневски e добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои се: „АВНОЈ“ (1968); „11 Октомври“; наградата на СВП „Браќа Миладиновци“; наградата на градот Скопје „13 Ноември“; „Кочо Рацин“; „Македонско слово“; наградата за книжевен опус на ИРО „Мисла“ и „Мирослав Крлежа“. Исто така, тој е добитник на две златни арени за сценарио на филмскиот фестивал во Пула, за филмовите „Волчја ноќ“ (1955) и "Македонскиот дел од пеколот" (1974).
Во 1946 година, во Скопје, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески и Коле Чашуле го формирале Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело 7 члена. Потоа, Јаневски бил и претседател на Друштвото. Исто така, тој бил член на Македонскиот ПЕН центар, претседател на Советот на СВП, како и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година.
Со објавените 15 романи, 11 книги поезија, 6 книги раскази, 8 книги за деца и голем број препеви, есеи и полемики, Славко Јаневски е можеби најплодниот писател во современата македонска литература, чии дела се преведени на многу јазици. Неговото творештво ги опфаќа следниве дела:
Крвава низа (поезија, 1945)
Пруга на младоста (со Ацо Шопов, поезија, 1946)
Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки (поезија за деца, 1946)
Распеани букви (поезија за деца, 1946)
Милиони маченици (поема за деца, 1948)
Егејска барутна бајка (поезија, 1949)
Песни (1950)
Улица (повест, 1950)
Лирика (1951)
Село зад седумте јасени (роман, 1952)
Шеќерна приказна (сказна за деца, 1952)
Кловнови и луѓе (раскази, 1956)
Две Марии (роман, 1956)
Леб и камен (поезија, 1957)
Месечар (роман, 1959)
Сенката на Карамба Барамба (поезија за деца, 1959)
Марсовци и глувци (поезија за деца, 1959)
Горчливи легенди (патописна проза, 1962)
И бол и бес (роман, 1964)
Стебла (роман, нова верзија на „Село зад седумте јасени“, 1965)
Евангелие по Итар Пејо (поезија, 1966)
Црни и жолти (поезија за деца, 1967)
Каинавелија (поезија, 1968)
Тврдоглави (роман, 1970)
Омарнини (раскази, 1972)
Ковчег (раскази, 1976)
Оковано јаболко (поезија, 1978)
Астропеус (поезија, 1979)
Змејови за игра (поезија, 1983)
Миракули на грозомората: Легионите на Свети Адонис, Кучешко распетие и Чекајќи чума (трилогија, 1984)
Девет Керубинови векови (роман, 1987)
Глуви команди (поетски избор, 1988)
Песји шуми (поезија, 1988)
Чудотворци (роман, 1988)
Рулет со седум бројки (р

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
158 (62%)
4 stars
49 (19%)
3 stars
25 (9%)
2 stars
13 (5%)
1 star
8 (3%)
Displaying 1 - 5 of 5 reviews
2 reviews
April 20, 2020
Prekrasni spomeni od detstvoto. Mojata omilena kniga.
Displaying 1 - 5 of 5 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.