What do you think?

Бојан
260 pages, Paperback
First published January 1, 1973
About the author
Глигор Поповски
19 books7 followersГлигор Поповски е роден на 1 април 1928 година во село Будинарци, Беровско. Завршил учителска школа во Скопје, а работниот век го поминал во „Пионерски весник“, работејќи како новинар, во книгоиздателството „Детска радост“, каде што извесен период бил и главен уредник, а ги уредувал и списанијата „Другарче“, “Развигор“ и „Росица“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1954 година.
Глигор Поповски е автор на книгите: „Сказна за детето Вилен“, „Цвет“, „Дрварче“, „Росица“, „Далечен свет“, „Со тротинет по цел свет“, „Било едно дете“, „Мостот“, „Црвената рака“, „Парада за цвеќињата“, „Чудо во гората“, „Сказни за возовија“, „Сказна за најјунакот“, „Што има зад тополите“, „Морнарот Неп“, „Билјана“, „Испит“, „Бојан“, „Кога тато вози“, „За поубав свет“, „Планино убавино“, „Разговори за сообраќајот“, „Најтемната ноќ“, „Човек со човек“, „Добри мои, добар ден“, „Учителката“, „Елен Камен“, „Другата страна“, „Шеп, шеп, шеп“ и други.
За своето творештво Поповски бил наградуван со: „Партизански курир“, „Младо поколење“, „13 Ноември“, „РТВ – Скопје“ на Струшките вечери на поезијата, во два наврати: во 1969 и 1973 година, „Курирче“
Починал во Скопје, на 14 мај, 2007.

Ratings & Reviews
Friends & Following
Create a free account to discover what your friends think of this book!
Community Reviews
Displaying 1 - 11 of 11 reviews
January 13, 2026
A nostalgic reread of one of my childhood favourites. Tender and timeless in the way only early-loved books can be. 🤍
August 20, 2018
Викендов кај нас на викендица дојдоа едни пријатели од детството и заедно решивме да се шетаме низ околијата (да беше викендичката на село, ќе речев во атарот на селото).
Откако пред неколку години ме касна куче додека возев точак, секогаш кога шетам во природа првиот страв што ме гризе однатре е: А што ако сретнам куче или нешто уште полошо во дивинава? Затоа со нас ги зедовме Роки и Стела, кучињата што ги чува тато на викендица. Не се расни кучиња, „џукели“ се, колку и да го мразам зборот. Ама се толку верни, мили и игриви, не можеш да не ги сакаш.
Додека се шетавме со пријателите, навлеговме во еден простор на зеленило, обрасната вегетација, шума што ги затскриваше останатите викендички. Слушнавме лаеж на друго куче. Знаев дека може да претстои катастрофа и ги викнав да се вратиме. Дури да трепнеш, непознатото куче - хаска истрча и почна кучешкиот мегдан - едниот брани територија, другите двајца ги бранат „сопствениците“. Ситуацијата траеше минута-две, за тоа време ние од една страна урлавме „Роки, Стела, враќајте се!“, од друга страна, сопственикот на хаската викаше „Арго, дојди ваму!“. За среќа, ситуацијата не ескалираше, кучињата само неколку пати си с'ржија и заврши речиси комично со тоа што хаската се измоча на едно дрво во близина колку да обележи територија, а ние почнавме да се повлекуваме со Роки и Стела како во некој вестерн по напнатата борба меѓу каубојци и индијанци.
Во тие неколку стотинки, Роки и Стела се претворија во Караман и Стрела, кучињата на Бојан што го бранеа Бојан од волци, а јас се претворив во шестоодделенка која поради добиен циклус не отиде на плажа и потајно си уживаше во апартманот со оваа книга.
Фала ти за тоа, Глигор Поповски.

May 4, 2025
"Секој се враќа од кај што дошол, секој оди онаму каде што припаѓа, се доаѓа на своето место."
*My Roman empire* 😭
- Еве ти ги најубавите ѕвезди од небото! - рече Бојан, сиот заздишан, кога се сретна во едно вкрстување со Елена. Истури рој светулки во нејзината коса. Твојата коса и августовското небо се исто! — рече. Сега
- Зар за мене ги симна овие „ѕвезди“? – праша Елена.
- За кој друг!
- Што знам! - рече Елена.
Замолчаа. Не можеа да си ги видат очите, беше мрак, не смееја да си ги подадат рацете, би било многу необично и многу ненадејно, но можеа да го чујат шумното дишење еден на друг и да го чујат секој за себе лудувањето на сопственото срце.

July 2, 2018
It's actually 4.5 ♡ the first half of the book was so boring for me but the second half.... Awesome! The last sentences destroyed me...♡♡♡
February 4, 2022
Незаменливо дело за деца и млади кој секој треба да го прочита и ги доживее доживувањата на детето Бојан за време на неговиот престој во планинската колиба на дедо му Димо.
February 26, 2026
it is fine
Read
September 21, 2013read
December 15, 2014
goood book
March 17, 2015
Good book
March 16, 2016
Таа е добра лектира за млади деца и возрасни.
January 22, 2023
Koj mu treba na Bojan? Nikoj, samo dedo mu Dimo, dedo mu Ivan, Kucinjata i planinata!
Displaying 1 - 11 of 11 reviews