Делото " Превез" на младиот Иван Стојановски е неговата порта за влез во светот на авторските води. Тоа е интересен обид за пронаоѓање на самиот себеси и преточување на сите негови идеи, комбинирани со динамика на видео игри, романтичност на чиста љубовна приказна и психолошки размислувања за животот. Делото е концизно и лесно за читање. Низ секоја страница провејува младешкиот дух на Стојановски што е разбирливо имајќи предвид дека книгата ја пишувал во своите тинејџерски години.