Влегов со сосема поинакви очекувања во книгата, а добив нешто сосема поинакво од она што се сугерира во насловот и поднасловот. Многу сакав да ми остави силен впечаток и да ја сакам, но едноставно не се пронајдовме на иста бранова должина.
Многу сакав да ми се допадне книгава, и првата третина, т.е еве нека биде половина, многу ми беше интересна и поучна, ама потоа нагло опаѓа нарацијата, малку е хаотична, некако безидејно. Има интересни делови за други автори и други работи, ама едноставно не ми функционираше во овој формат, самата замисла на романот кој ќе се открива за време на истражување за фељтон е интересна, но тука не функционира баш.