"Ако бараме да бидеме сакани, нема да го постигнеме тоа. Ќе бидеме зависни и ќе имаме тенденција да се држиме до нашиот партнер, наместо искрено да сакаме. Треба да се храниме себеси и другите без да очекуваме награда. Тогаш ќе станеме луѓе достојни за љубов, а наградата е дека ќе бидеме сакани без да ја бараме. Така е со човечката љубов, а така е и со Божјата љубов."
Преубава книга за духовниот раст, менталниот раст, вистинската љубов, религиозните сфаќања кои ни се наметнуваат и ни прават бариери, гневот, милоста, депресијата, анксиозноста и поврзаноста на духовното со менталното... Книгата е полна со мудрости кои нема да можете да ги доизвлечете од неа..Искрено ме воодушеви и ми даде нов поглед кон светот и нештата , набрзо ќе го читам и вториот дел..
Никогаш не ги гледав нештата на тој начин, бидејќи кога ни се случуваат лоши работи во животот ние често се жалиме , а всушност не гледаме колку сме благословени... Животот е суров, а реалноста на живеењето и постоењето исто така.. Сите тежнееме кон тоа да мислиме дека постои совршен живот, совршена љубов и заљубеност која трае до крајот на животот ( пеперутки во стомакот) , но всушност вистинската љубов е нешто поголемо , подлабоко , а заљубеноста е минлива.. И сите сме убедени дека постои живот како во бајките си живееа среќно до крајот на животот..И да не постои совршен живот без болка и тага, не постои совршен партнер , не постојат совршени деца.. Постои добро и лошо и реалноста треба да ја прифатиме и да се стремиме кон тоа да растеме и да прифатиме дека се е нормално и се е дел од животот..Патот до менталниот и духовниот раст е трновит , затоа ни се даваат разно разни искушенија, препреки на кои или ќе очајуваме или ќе станеме ќе ја прифатиме Божјата рака и ќе тргнеме напред , прифаќајќи ги сите наши трауми, болки како нормални и соочувајќи се со нив и работејќи на нив ќе научиме како да живееме со нив без оглед колку и да се болни..
Кога ќе го пронајдеме Бог во себе , кога ќе престанеме да ги обвинуваме другите за нашите несреќи тогаш ќе се ослободиме од целиот товар што го носиме на душата , целиот гнев што го чувствуваме, но во ред е и тоа да го чувствувате затоа што тоа е дел од растот.. Сите тежнееме кон лесен живот и не сакаме да ја напуштиме нашата комфорт зона , а само со напуштање на конфорт зоната имаме можност да пораснеме да ги прошириме нашите видици , да го видиме животот од сите перспективи .. Религијата ни наметнува едно, традицијата друго, но човештвото е на добар пат на промена, кршење на старите верување и проширување на границите..Но не сите можат да го почувствуваат тоа , духовниот раст го чувствуваат и одат по патот по кој поретко се оди само тие што се избрани и тие што ќе го прифатат менталното и духовното растење...
"Христос беше полн со љубов, но беше тотално осамен. Овој вид осаменост го делат сите оние кои одат на најдалечните патувања на духовно созревање. Тоа е таков товар, што едноставно не може да се носи ако ние, оддалечувајќи се од други луѓе, не се приближуваме до Бога. Има доволно радост во комуникацијата и познавањето на Бога што ни овозможува да издржиме."