Во драмата„Александра” дејството се случува во времето од крајот на Втората Светска војна, времето на Народната револуција во Македонија, во еден помал град, кој се наоѓал под Бугарска окупација. Тогаш поголем дел од Македонија бил под бугарска окупација , под команда на тогашната Германија. За да се ослободи од оваа власт, тогашното население се организира во Движењето на отпорот, во кое се вклучуваат многу млади со разновидни активности.
Љубовниот триаголник и Народноослободителната војна во Македонија се интересни теми со коишто се послужил авторот при творењето на ова дело, сето тоа претставено преку женски лик - Александра. Сепак, при читањето на драмата имав чувство дека поголем дел од настаните беа насочени кон мајорот Борис Ганов (опишување на неговата внатрешна состојба и неговите дејства), отколку кон Александра. Македонската книжевна критика, исто така, забележува во однос на ликот на Александра: „Иако постојано присутен, се гради некако испокинато, наместа немотивирано, наместа објаснето“, при што „навистина останува со неколку празнини што останале недополнети“. (М. Матевски)