3.5 ⭐
Како прво доживување на светот и пишувањето на Селимовиќ, „Магла и месечевина“ е роман кој ми се допадна – но не и нешто премногу посебно. Прекрасен начин на пишување, некако меланхолично, сурово, детално објаснето. Книгулче од околу стотина страници што зборува за стравот и слободата, животот за време на војна и по неа, моралните дилеми, личните кризи, човековата кревкост, духовната изолација и потрагата по смисла во свет без вредности.
„Магла и месечевина“ е роман за човек кој се обидува да го пронајде својот пат низ маглите и темнините на животот, барајќи ја вистината, смислата и љубовта во свет исполнет со стравови и сомнежи. Главниот лик се соочува со чувство на апатија, отуѓеност и духовна магла, барајќи внатрешен мир во светлината – месечината, која на некој начин му пружа лично ослободување и спокој.
Самиот наслов е многу убаво поврзан со суштината на приказната: месечината симболизира просветлување и надеж, додека маглата претставува страв, конфузија, осаменост и отуѓеност.
"...чекаше да се појави месечината, со надеж гледаше во суровата рамнa линија на насипот... секоја ноќ ја пречекува, го возбудуваше тој час кога згуснатата темнина се разредува и исчезнува, а мочуриштето и рамницата оживуваат од благата светлина и длабоките сенки. Тогаш светот околу него повторно се раѓаше."
"Има причини да си оди, како и тогаш, кога првпат заминуваше, тој не постоеше, а сега е поважен од сите причини,сокриј ме би му рекла, затворија ја вратата да бидеме само јас и ти, и тој ќе ја заштити со мршавите добри раце, ќе ја затвори вратата и ќе бидат само тие двајцата."
"Го гребеше грлото како зобено зрно полно боцки... зашто човек мора на некого да го искали насобраниот бес, инаку би прснал како меур."