Велко Неделковски е еден од ретките современи македонски автори кои се „дрзнаа“ да се обидат да пишуваат во жанрот на научната фантастика. Резултат е безвременското дело „Вечниот Таниз“, кое ги поседува сите одлики на едно научнофантастично дело, поточно би можеле да го сместиме во поджанрот „мека научна фантастика“. Пишуван во (сега) далечната 1999 година, „Вечниот ТАниз“ ни опишува едно антиутописко оштество, маскирано во својата спротивност. Низ романот се пројавуваат тирани, добри и лоши момци, вонземјани, роботи... стилот на пишување е невообичаен (барем во споредба со оние стилови кои јас ги очекувам од едно НФ дело), но нималку не е досаден. Преубав бисер на македонската научна фантастика, кој требало да се појави барем 40 години порано.