Книга "Урошевич В. Ищите ворона...: [Роман]/ Пер. с макед. О. Панькиной; отв. ред.: И. Мельникова, Ю. Фридштейн". Издательство: Центр книги Рудомино. Год выпуска: 2020. Тираж: 1000. Серия: Сто славянских романов. Переплет: Твердый переплет, суперобложка. Количество страниц: 224. Автор: Урошевич Влада. Стандарт: Ищите ворона..: [Роман]. Формат, ммсм: 130x215. Город: Москва.
Влада Урошевиќ е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач.
Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар.
Добитник е на повеќе награди и признанија: „Младост“, „Нолит“, „Рациново признание“, „Браќа Миладиновци“ (три пати), „Григор Прличев“ (два пати), „Стале Попов“ (два пати), „Книжевен жезол“ и други. За својот книжевен опус, како и за своите заслуги во преведувањето и афирмирањето на франсуската литература, прогласен е од Владата на Франција прво за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред.
Влада Урошевиќ има објавено преку триесет авторски книги, преку четириесет преводи, а застапен е и во многубројни домашни и странски антологии. Неговите книги се преведени на англиски, француски, шпански, германски, дански, полски, словенчки, бугарски, српски и други јазици. Еве дел од неговиот творечки опус:
Еден друг град (поезија, 1959) Невиделица (поезија, 1962) Вкусот на праските (роман, 1965) Манекен во пејзажот (поезија, 1967) Летен дожд (поезија, 1967) Знаци (раскази, 1969) Врсници (критики и есеи, 1971) Ноќниот пајтон (раскази, 1972) Ѕвездена терезија (поезија, 1973) Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975) Сонувачот и празнината (поезија, 1979) Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980) Лов на еднорози (раскази, 1983) Компасот на сонот (поезија, 1984) Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985) Хипнополис (поезија, 1986) Подземна палата (есеи, 1987) Демони и галаксии (студија, 1988) Панична планета (поезија, 1989) Алдебаран (записи и патописи, 1991) Митската оска на светот (критики и есеи, 1993) Ризиците на занаетот (поезија, 1993) Мојата роднина Емилија (роман, 1994) Паники (поезија, 1995) Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996) Париски приказни (записи и патописи, 1997) Астролаб (критики и есеи, 2000) Дива лига (роман, 2000) Мане, текел, фарес (поезија, 2002) Невестата на змејот (роман-бајка, 2008) Седмата страна на коцката (раскази, 2010) Размена на пораки (раскази, заедно со Тања Урошевиќ, 2013) Тајна мисија (раскази, 2013) Тајно злато (поезија, 2016) Маџун (роман, 2018)
За раскажувачката маестралност на Урошевиќ не се потребни зборови, лично уживам во неговите описи на сцените и работите кои ги носи таа околина, ненаметливо и прецизно накитени со магични споредби, оживувачки на моменти, па каква и приказна да раскажува и да не е многу од интерес на читателот (јас) ја прави занимлива до бескрај. Потопена во мистериозност и полна неизвесност Дива Лига зборува за потрагата, по изгубеното злато, изгубените археолошки локалитети на територијата на Македонија и разоткривање на чудни и луди теории. По откривањето на неверојатните историски настани самиот автор потенцира на нивната нејасност и заплетканост. Од сите измешани работи едно е јасно, а тоа е дека никој не може да знае каде е вистината кога станува збор за историја.
Долго не хотели писать отзыв, т.к. лень. Книга была слишком смертельно скучной, чтобы у меня было можно сказать что-то иное
Начиная эту книгу, вы получаете: 1) Никакущих персонажей 2) Обман о статусе книги как приключенческого романа, т.к. никаких приключений тут нет и все трудности разрешаются на той же странице, на которой они были поставлены 3) Ощущение, что автор просто хотел выпендриться своими знаниями о культе Митры 4) Мизогинию