Jump to ratings and reviews
Rate this book

Белата долина

Rate this book
Романот "Белата долина" на Симон Дракул спаѓа во реалистички романи. Во него на многу реалистичен начин ни е опишана повоената стварност. Многу реално ни е претставена колективизацијата на нашите села и задругарството на нашите селани. Задругарството било проблем со кој селаните се соочувале, го прифаќале доброволно или под присила. Многу од нив влегувале во задругите, а потоа се разочарувале, се повлекувалево себе.
Црвенокосиот, со здравје на бог, селанец Змејко е токму таков човек. Сиромашниот селанец, како и многу други пред револуцијата бил принуден да оди на печалба. Ја доживеал судбината на испраќањето, печалбарењето и враќање од печалба без да спечали доволно пари за живот. За време на војната, со надеж за подобар живот по ослободувањето, се вклучил во партизанските одреди. По ослободувањето останал во родното село со надеж дека ќе започне нов, подобар живот. Во неговите мисли се вртела недоверба кон луѓето кои биле на раководни функции. Но и покрај недовербата, се зачленил во задругата, го смешал својот со задружниот имот. Бил поставен за бригадиер на градежната бригада. Со својата чесност бил пример за другите селани кои го следеле и станувале задругари.Конфликтот со претседателот, предвоениот крадец по име Штука, го тера Змејко да се повлече, да бега од нечесните работи.Се ставил себеси во изолација да се заштити од разновидните деформации и човечки бездушија.Полесно му било да се справи со снежните виулици, крвожедните шумски животни, гладта отколку со неморалите Претседателот и Језикил. Гласно си зборувал:
" Па тој мене ме тера да помислам дека сите луѓе од секогаш краделе,...Скоро заборавам дека може да се живее единствено од трудот на своите раце и да се биде мирен и задоволен"
Си зборувал, размислувал за време на својата едномесечна одисеја во завеаните и безизлезни снежни белини на Белата долина. Гладен, изнемоштен се борел со тврдите и дебели трупци во планината без да се предаде. Во борбата со глутницата волци, се исплашил од самотијата. Изгубен, физички исцрпен, беспомошен почнал да вика, да рика, да бара помош, излез од самотијата:
"Дај луѓе. Дај ги, па нека крадат ако сакаат. ..
Болниот крик на Змејко ја потврдува човековата немоќ, немоќта на поединецот во борба против превеаните, искалени крадци. Тој крик го искажува поразот на поединецот и разбирањето дека силата е во дрижбата. Само сите заедно, човекот со другите луѓе се моќни да ги победат човечките деформитети. Тој крик го тера да признае дека определувањето на "линија на помал отпор" не носи решение на проблемите, но и да свати колку е мал човекот пред силите на природата. Проблемот на социјалистичката преобразба на нашето село и прифаќањето на задругарството од селанецот , се претворил во проблем, во човеково неспокојство. Човековото неспокојство довело до повлекување, оттуѓување, бегство, изолација, осаменост и други психолошки состојби.
Белите ноќи во долината го натерале да се врати назад, меѓу луѓето, заедно со нив да се бори против злото кое се стремело да им ја одземе човенштината

298 pages

First published January 1, 1962

2 people are currently reading
25 people want to read

About the author

Симон Дракул

22 books1 follower

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
9 (42%)
4 stars
8 (38%)
3 stars
3 (14%)
2 stars
0 (0%)
1 star
1 (4%)
Displaying 1 of 1 review
Profile Image for Хари Кацановски.
Author 1 book2 followers
March 2, 2022
Романот „Белата Долина" од Симон Дракул низ призмата на романтичарската естетика раскажува за судирот на протагонистот Змејко со немилосната природа. Приказната постојано шалтува меѓу сцени од сегашноста во која Змејко се справува со суровата дивина и сцени со сеќавања од минатото кога размислува за своите одлуки и личностите во неговиот живот кои му оставиле длабока трага (или дира 😁).

Змејко е сложен лик со длабока размисла, иако молчалив, архетип што одговара на мијачкиот интроспективен темперамент. Тој коегзистира со дивината прикажана како персонификација на идеалниот пријател кој подобро го сфаќа и од луѓето, како и тој неа. Тој суштински е слободен само во дивината, надвор од социјалните и политичките динамици на општеството.

Симон Дракул потекнува од Лазорополе, но во неговото детство е принудно преселен од својот роден крај. „Белата Долина" веројатно ја прикажува и неговата носталгија за природата која во детството ја доживувал на еден автентичен начин. Ова е честа појава кај луѓе кои како деца живееле на планинско место, но се отселиле додека уште биле деца, впрочем ја паметам фасцинацијата со природата на дедо ми, кој беше дете бегалец од Бапчор. Со огромна елегичност и сонливост, низ прекрасни описи, проткаени со стилистика која скоро предизвикува фантазмагорски халуцинации, описи кои се рака под рака со тие на писатели како Максим Горки, Дракул длабоко навлегува во чувствата и мислите на протагонистот и умешно го води читателот надвор од секојдневнието, во длабока медитација, каде би можел да биде автентичен и искрен пред себеси.
This entire review has been hidden because of spoilers.
Displaying 1 of 1 review

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.