Цветниот Пат е книга пред се градена според Фибоначи кодот (1,1,2,3,5,8,13...) подигнат на степен 5. Се состои од пет дена патување низ Македонија (посета на пет локации - Кокино, Куклица, Лесново, Берово и Вељуса), кои се распределени во пет четива насловени со петте елементи - Вода, Оган, Воздух, Земја и Љубов. На секој ден патување му следи по еден сон (значи пет соништа) за Атлантида и Кокино како нејзина колонија, Демонизмот и македонското проклетие, Светиот Грал за Македонија - гробот на Александар, Писмото и тајната мисија на Кирил и Методиј, Климент и Наум, Самовилската девственост и нивната мисија во отворање на патот до срцето на Земјата или Сонот за Исихијата.
Вториот дел од книгата се состои од 10 четива, кои ја надополнуваат содржината на патешествието (psy-аџилакот) на двајцата талкачи преку:
- Приказната за Богомилите и нивната потрага по симболот наречен Цветот на сите Цветови, кој го има врежано по начите карпи ширум замјава.
- Смарагдната табличка на Хермес.
- Четиво за Симболите и нивната примена за 5D acceleration - или забрзувањето на еволуцијата кон повисока свесност.
- Четиво за Кристалите и нивната примена во Кокино.
- Живата Историја на Космосот и војната на ѕвездите
- Четиво за Дрвото на Животот, Атлантида, Лемурија, Нефилимите, настанокот на човечката еволуција и Падот.
- Четиво за Квантната Физика и текот на свесноста низ нашето тело.
- Четиво за Мајанскиот Календар, 2012, забрзувањето, Инуицијата и пропаста на Царството на Умот.
- Четиво за Светлосните Воини - тоа сте сите вие - и нивното будење, индиго децата, кристалните деца, моќта на мислата и визуализацијата и светата војна против темнината.
- Четиво за Цветниот Пат и како се отвори преминот до срцето на Земјата а преку него до Централното Сонце на Галаксијата.