. Дури и солидниот познавач на македонската литература ќе се изненади од енормниот фантастичарски потенцијал на нашиве современи прозаисти, покажан во оваа книга. Уште повеќе ќе се изненади од фактот дека таа претставува прв таков избор објавен кај нас. Имено, антологиските избори на македонските фантастичари досега ги правеле и ги објавувале, главно, некои странци. На нивни јазици, се разбира.
Книжевната фантастика, вклучително и оној нејзин сегмент/поджанр кој се нарекува научна фантастика, несомнено е едно од најкретаивните, да не речам најоткачени литературни подрачја. Нејзината посебност се крие токму и во сомнежот во можноста приказните што таа ги раскажува да се објаснат/толкуваат рационално. Согласно законите на физиката, хемијата, аритметиката... Наместо да „одговара“ на прашањето (Што сакал писателот да каже), таквото читање секогаш е авантура на поставување нови. Фантастиката ги стимулира двете подеднакво важни љубопитства: она на писателот и она на неговиот заигран читател. И двајцата мора постојано да се сомневаат во значењето на текстот што го пишуваат и/или го читаат и да бидат сигурни дека убавината на нештата (во светот и во животот) лежи токму во фактот дека разликата помеѓу „природното“ и „неприродното“ е, просто, дефинитивна. И необјаснива.
Меѓу повпечатливите раскази кои вреди да се прочитаат во оваа антологија се следниве: 1.Тага за југ- Жарко Кујунџиски 2.Вишнов ликер- Влада Урошевиќ 3.Човекот со четири часовници- Александар Прокопиев 4.Мириси- Тања Урошевиќ 5.Лифт- Венко Андоновски 6.Природна појава- Петре М.Андреевски 7.Бунар- Васе Манчев 8.Духови в куќа- Живко Чинго 9.Клеј не се плаши од вампири- Блаже Миневски 10.Фаќачи на вампир- Стојмир Симјаноски 11.Тешка ноќ- Влада Урошевиќ 12.Фантазми во домот на Политмија Ѕимба- Томислав Османли 13.Многу стара приказна- Васе Манчев 14.Последниот македонски ректор- Венко Андоновски 15.Месечари- Драги Михајловски