Малата книжарница Прустов прашалник во снежната Москва, случајно или не, ќе им ги вкрсти патиштата на дваесет и петгодишната Хелен Игнатова, филолог и верен сопатник на самотијата, и случајниот минувач Стивен ван Дазбург, убиец и колекционер на марионетки. По првото и единствено видување, нивните животни приказни добиваат форма на деструктивно петешествие низ опсесијата, стравовите, потиснатата болка од минатото и можното ветување за спас во иднина.
Што се случува кога се вкрстуваат патиштата само за повторно да се раздвојат? Кога тргнуваш да се пронајдеш себеси, а сè што наоѓаш се остатоци, кога бегаш, а всушност, стоиш во место, кога се менуваш, а ништо не е сменето? Колку и да бегаш, не можеш да избегаш од себеси.
Трагањето по вистината овој книжевен текст го омеѓува со непредвидлива потрага по (не)дофатливата суштина на човечкото постоење. Парадата на марионетките го реактуализира митот за љубовта како целосна потреба од единство.
Евгениј Хоуп е раскажувачкиот глас на Милош Димковски, кој е роден на 7 октомври 1991 година, во Куманово, Македонија. Има завршено Филолошки факултет во Скопје, Отсек општа и компаративна книжевност. Бил дописник во Kултурната и Забавна- та редакција на дневниот весник Утрински весник. Во изминатите години има поминато над 30 000 ав- тостоп километри и романот Годините кога научив да летам е симболично преточување на спознаено- то искуство. Неговата авантуристичка природа му овозможува често да патува низ светот. Автор е на романот Парада на марионетките (2011).
Книгата ме привлече поради позајмениот мотив од Гозба на Платон, меѓутоа приказната на моменти делуваше плитка и недоработена. Некои сегменти изобилуваа со богата лексика, додека пак во други преовладуваа клише описи. Убава идеја, но најверојатно премногу амбициозна.
Книга со одлична психолошка обработка на главниот лик на дваесет и петгодишната Хелен Игнатова која го губи својот дечко со кој има долгогодишна врска. Премногу е осамена работи во мала книжарница во Москва. Нејзиниот брат доживува тешка несреќа во лифт и останува инвалид во количка, нејзиниот татко е невработен сликар, а мајка се соочува со финсиски проблеми, се грижи за своето семејство и едвај врзува крај со крај. Хелен од самоуверена успешна девојка се соочува со многу психолошки проблеми, станува агресивна, се кара со својата најдобра другарка, не сака со никој да се дружи и сака да побегне од сите проблеми, да ја напушти својата работа и да оди во село. Единствено што ја држи во живот е љубовта на прв поглед, љубов кон еден случаен купувач кој ги плаќа и порачува саканите книги. Таа е филолог, а тој платен убиец. Љубовта е таа која ги менува комплетно.
Што се случува кога се вкрстуваат патиштата само за повторно да се раздвојат? Кога тргнуваш да се пронајдеш себеси, а сè што наоѓаш се остатоци, кога бегаш, а всушност, стоиш во место, кога се менуваш, а ништо не е сменето? Колку и да бегаш, не можеш да избегаш од себеси.