Што сè би направиле за да можете да комуницирате со починатите кои многу ви недостасуваат? Стефан се соочува со загубата на својата сопруга на сопствен начин, така што ја игнорира. За него, таа сè уште е присутна, во секој агол, во секој спомен, нејзината арома тлее насекаде… Животот му се одвива во рутина, сè додека неврохирургот Филип не му предложи посебна операција со која би можел да го разбуди шестото сетило. Тогаш сè што му останува се зборови, нивното значење и мирисот на душите.
„Ликовите кои се групирани околу (главниот лик) Стефан помагаат во неговото градење и трансформација, но и тие се трансформираат, мал универзум во кој овој познат свет се преклопува со еден суптилен невидлив, а присутен свет . Не би сакала да го наречам паранормален, зашто тој е многу повеќе од тоа, книжевен свет и со тоа белег на времето, белег прикажан на автентичен начин.“
Born in 1983, Jordan has set his path for an academic carrier, getting his Ph.D. in Tourism and hospitality management in 2014. He has written more than 30 papers before he got bored and decided to follow his life passion, fiction writing.
His first comic anthology as a scriptwriter, co-authored by Dargo Bogdanov, "Мрак Хумор Тишина" (Darkness Humor Silence) was published in 2014, while his first graphic novel, a co-lab with the same illustrator, "Витези од соседството" (Knights of the neighborhood) was published in 2016.
The short stories collection he pretends not to exist is "Време за живеење" which was published in 2001. The reactions of the readers to his first novel "Тегли" (Jars) published in 2021, proved that he knew what he was doing, so he decided to write even more. And so "Заследи ме" (Follow back) and "Наследство: Прозорецот" (Legacy: The window) followed in 2022 and "Зборови" (Words) in 2023.
He has won two awards for the short comic "Our Eden", illustrated by Darko Bogdanov, won an international competition with "Dragon Slayer Wanted" illustrated by Andrej Manev, and an award for the best emerging author for the book "Прозорецот" (The Window).
His book "Зборови" (Words) was acknowledged as best domestic novel for 2023 by the largest reader's comunity in Macedonia "Размена на книги и книжевни муабети".
He lives in Ohrid, feeding on its mysteries and beauties, while working as a tour guide and an editor for the electronic literary and arts magazine "(e)Lit".
Психолошка драма (и мааалку трилер, а малку повеќе мистерија) со натприродни елементи, сето тоа склопено во една кохерентна целина која е мала по обем, а огромна по значење.
Кога губиме некој, се обидуваме да го задржиме сеќавањето за нив што подолго, па често правиме и одредени чудни или нелогични работи, како што е случајот со главниот лик кој чува цела соба заклучена после смртта на сопругата. Во собата сѐ уште се чувствува нејзиниот мирис, а книгата која последно ја читала стои отворена на масата. Тој одвреме-навреме внимателно влегува и излегува од собата, отворајќи и затворајќи ја вратата набрзина, а и цело време "разговара" со неа како уште да е тука. Раскажувањето е динамично, а на моменти и испрекинато со неговото навраќање на одредени сеќавања, претставени преку отсечни зборови (Збор. Сеќавање. Мисла.). После експерименталниот зафат кој му го прави еден доктор, тој ја добива моќта на шестото сетило (контакт со мртвите). Откако гледаат дека тоа им успева, двајцата тргнуваат во неколкудневна "авантура" низ градот, помагајќи им на разни луѓе, а истовремено (свесно или несвесно) помагајќи си и себеси. Со помош на шестото сетило тој чита пораки од мртви луѓе, кои ги "лоцира" со препознавање на различните мириси околу него, од кои дел се вистински, а дел "од другиот свет", па така или помага во решавањето на одредени нејаснотии поврзани со нивната смрт, или им пренесува пораки на блиските кои после тоа полесно се справуваат со загубата. Секој има свој начин на справување со загуби, а тука тоа е опишано толку реално, што на моменти дури и ќе ве "изнервираат" одредени постапки на ликовите, бидејќи не се класични постапки "како во книга/филм" каде што сѐ се решава едноставно и набрзина, туку се реални емоции пренесени со зборови на хартија.
Не би откривал ништо повеќе од содржината, бидејќи вреди да ја искусите книгата "од прва рака" читајќи ја, наместо водејќи се од нечие мислење или рецензија 🙌🏻
Една од подобрите книги од македоснки автор, силна четворка (4.4 да кажеме). Приказна полна со емоција, предобар стил на раскажување, одличен хумор и супер ликови. Вториот дел од приказната е супер забавен, а крајот предобар и преемотивен. Она што ми засмета е првиот дел од книгата, ми беше спор, ја имаме само психичката состојба на Стефан. Но сепак со тоа се докажува колку умешно е напишан ликот на Стефан. Сај-фај елементите се исто така предобри, уживав во нив.
Се на се, моја огромна препорака, воопшто не очекував вакво нешто кога ја почнав книгата
Прв напишан роман, а четврт објавен. Од почеток се соочив со преубав стил на пишување, вистинско уживање за читање. Стефан е млад човек кој ја изгубил саканата која никогаш нема да се врати. Живее во заедничкиот стан што го купиле на кредит, во Охрид. Домот е преполн со книги, нема ни знак од технологија. Секој ден ја гледа Сара, го слуша нејзиното смеење, живее со нејзините мириси. Секогаш кога некој ќе ја спомне тој добива паничен напад. Го убедуваат да продолжи со животот. - ,,Но, што ако не сакам?’’ На драми ретко плачам, а не на книга која очекував да биде трилер. Толку е добро опишано што се соживеав со Стефан. Боли кога ќе изгубиш некого, а никој не те разбира 😭 Но, што ако постои начин пак да зборува со неа? Што ако постои некој доктор што спроведува експеримент, наречен трепанација, кој ќе му помогне на Стефан пак да зборува со Сара? Дали ќе биде успешен експериментот, ќе треба да ја прочитате. Ја препорачувам 🥰
Wow! Преубава! Одамна ми беше на листата за читање и конечно и дојде ред да си ја земам на саемот, и задоволство да се запознаам со самиот писател кој во живо е епитом за "sunshine" буквално, пријатен и кул, ми се топли душава што си добив и потпис :)
Почнува бавно, некако ми се чинеше на моменти како да забрзува но сепак горе-долу си имаше некое побавно темпо (барем за мене). Психолошка драма, со натприродни елементи, малку мистерија и интересни ликови, сето тоа скоцкано во книгуле од 250 страни. Уживам во вакви филмови и не се сомневав во книгава, беше нешто слично на 'The time traveler's wife", само што немаше никакви патувања назад во времето :)
4 ⭐ затоа што мојава "hopeless romantic" душа очекуваше дека ќе има повеќе спомнување за Сара, но тоа беше некако дури на крајот. (се извинувам доколку ова би било спојлер)
„Што сè би направиле за да го вратиме времето или да вратиме некој што повеќе го немаме?“ - Прекрасно, болно и длабоко прашање. Прашање кое честопати ни поминало низ глава, произлезено од каење, желба за промена или копнеж по нешто што сме изгубиле... Времето не може да се врати — но може да се препознае вредноста на сегашноста и повеќе да ја цениме. Парадоксот е во тоа што ја разбираме важноста на моментот дури откако ќе помине, не ги цениме работите додека ги имаме и жалиме по нив дури откако ќе ги изгубиме. Во тој чин на „враќање“, лежи потреба не само за уште време, туку и за исцелување — на вината, тагата и празнината, она што го посакуваше нашиот главен лик, она по што копнееше...
Во длабочината на човечката душа постои копнеж што не избледува – копнежот по враќање. Во копнежот да ги вратиме мртвите, се открива највозвишениот аспект на човечкото битие: Љубовта која ја надминува смртта. Ние не ги враќаме мртвите во живот, но тие нè учат како да живееме подлабоко. Времето е она нешто што сите го поседуваме, но никој не може да го задржи. Тоа не се осврнува наназад, не застанува пред болката и токму затоа, кога ќе го изгубиме некого што сме го сакале, кога гласот ќе му замолкне, а присуството ќе стане отсутна сенка, времето станува непријател. "Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство." И токму затоа, желбата да се врати оној што го нема повеќе е парадокс – желба за невозможност. Но зар човекот не живее токму во тие невозможности? Зар љубовта не продолжува и по смртта? Зар сеќавањата не се врата кон минатото, колку и да се кревки и болни?
Понекогаш, враќањето не е враќање наназад — туку враќање кон себе.
„Што ако те посакувам и одлучам да те грабнам сега и овде?" Незиното смеење беше природно гласно. Кога се смири, а обично тоа траеше, му одговори: „никогаш нема да ме избереш мене место книга."
Очекував роман каде што некој „читач“ ќе се справува со нешто што е закана за светот. Така да и моја благодарност до Александар кој го поставил вистинското прашање во вистинското време за да оваа книга прерасне во тоа што е денес :)
Исто, очекував некоја хорор приказна, а добив извонреден психолошки роман. И кога јас би се прашувал, мислам дека треба да биде пример (лектира) за тоа како треба да изгледа психолошки роман.
Додека ја читав оваа книга имав чувство како да гледам некој добар филм од 80-тите или 90-тите. Да не ме сфатите погрешно, дејствието во книгата се одвива во модерно време, но јас тука правам споредба со филмовите бидејќи во тоа време, се обраќаше многу повеќе внимание на суштината и квалитетот за сметка на специјалните ефекти и „млаките“ сценарија од кои патат денешните филмови.
Приказната и лично ме погоди поради икс причини, но не би сакал да откривам било што во врска со неа. Се што Ви е потребно да знаете го има во форма на краток синопсис на задната страна и е сосема доволно.
Авторот на крајот дава моќна порака/совет до читателот, а тоа е дека... Па, прочитајте ја книгата за да дознаете :). Ви гарантирам дека вреди.
Романот Зборови е само уште еден показател дека Коцевски е еден од поплодните современи македонски писатели заслужни за развојот на спекулативната фикција во поновата книжевност кај нас. Овој пат, се приметува и одредено отскокнување во стилот за некое скалило погоре, што секако придонесува за едно поинтимно и потопло доживува��е на овој роман. Повеќето од елементите по кои Коцевски е веќе препознатлив се секако повторно присутни (натприроден елемент во приказната, прилично познавање на човековата психа, смелите ''Тарант��новски дијалози'' како и успешното доловување на животот на обичниот човек во внатрешноста на земјата) и во овој роман. Она што барем за мене го смести Зборови како досега најдобро дело на Коцевски, е пораката позади приказната, која што е јасна и недвосмислена, како и прогресијата на дејството во насока на нејзино откривање. Севкупно, сосема солидно книжевно остварување.
Зборови ми стоеше на полицата 7 месеци и сега ми е жал што не ја прочитав порано. Одлична книга со интересна тематика. Главната тема и порака допира до секого без разлика дали читателот лично доживеал толкава траума и загуба или не. Стилот на пишување, зборовите кои Јордан ги става на хартија ќе ве вовлечат во приказната и неосетно ќе ви пренесат еден куп емоции. Ќе ја паметам книгава многу долго време. Знам за што ќе размислувам секогаш кога ќе намирисам шумско овошје 😊
Ова е книга што некого нема да остави рамнодушен. Најпрво темата е (не) секојдневна. Стилот на пишување на авторот е богат, со убаво изградени ликови и го опишува родниот град Охрид на вистинскиот, реален начин, онаков каков што бил порано, а не каков што е (за жал) денес. Јас лично се внесов буквално во приказната, како да сум таму. Книга којашто се чита во еден здив.
Уште на прва страница ме освои книгава! Предобро напишана, темава е и донекаде несекојдневна за нас, и баш заради тоа книгава ме освои уште повеќе.
Сите ние се имаме соочено со загуби на многу драги личности во нашиот живот и верувам дека скоро секој од нас би сакал барем уште еден миг поминат со нив.
Стефан е лик кој ја има изгубено својата сопруга, но за него, таа секаде е присутна... што ќе се случи ако му предложат необичен подвиг со кој Стефан би можел да комуницира со неговата сопруга?
За тие што ја немат прочитано книгава, топла препорака од мене да ја прочитате, се чита во еден здив и ќе уживате во неа!
Не се сомневав во идеите и начинот на пишување од Јордан, меѓутоа ова дело ми го освои срцето засекогаш. Имам среќа што сум од Охрид (жалам за оние што не се) но привилегија е бидејќи ако во филмовите постои 4Д, епа тоа се случуваше додека ја читав книгава. Многу поразлично искуство бидејќи точно знаев каде се движи Стефан и секој детаљ ми беше повеќе од јасен и тоа го правеше искуството многу волшебно и уникатно. Секако дека и за оние кои не се од Охрид хе-хе, супер е доловено што има детали да ве запознае со ситниците и убавините на Охрид кои не се забележуваат во летните гужвести денови.
Како и да е, освен ова искуство ова ми беше прва книга на која успеав да си ја применам новата практика -бележење моменти кои ми оставаат впечаток и ситуации и реченици кои ме поврзуваат со себеси и лични доживувања.
Освен овие две нови искуства што ја направија книгава да е ептен посебна, приказната, ликовите, начинот на пишување уште еднаш потврди зошто Јордан е писател. Некако успева да се поврзе со лични искуства на читателот и емоции и како да ви зборува вам. Сосема точно можете да го почувствувате она што го чувствува Стефан и мисли бидејќи ви се случило и вам. Приказната е прекрасна бидејќи содржи огромни емоции, богати зборови за преболување, преживување и наоѓање на себеси после голема загуба. И тоа го толкува на смирен начин, пополека и пополека со цел да се добие точно поглед на тоа што значи да пуштиш некого да си замине засекогаш. Тука се наоѓаа и моменти на мистерија, држење во неизвеност и менување на претпоставките при читање - ах, ќе се случи ова...АХ НЕ! Не е така... што уште позабавен го правеа целиот процес на читање.
Топло и искрено ја препорачувам на секому и ќе ја препорачувам на секој што ќе го сретнам бидејќи овај роман заслужува да биде признаен. Ми зарасна за срце и ми стана еден од омилените бидејќи сметам дека токму ова е она што писателот треба да го раскажува, за ситуации како луѓето се справуваат со тежината, тагата, болката, страдањето дури и екстреми да си наштетиме себеси. Тоа е магичното и големото што преку приказна и метафора може да се пренесе една голема мисла и да ја поврзи со она со кое цело човештво се соочува секојдневно.
Јордан, ти спуштам капа и ова ќе ми биде роман на годината и лично ме погоди и писателски ме разнежни бидејќи токму ова се писатели кон кои сакам да целам и да станам.
Што доколку некому му „туши“ мозокот? Ама не на шега, туку вистински?
Јордан Коцевски како докажан мајстор за хорор-мистерија, во своето последно дело „Зборови“ , се обидува да го поврзи медицинскиот зафат „трепанација“, со можноста за комуницирање со мртвите. Главниот лик, човек кој поради загубата на сопругата постепено, од ден во ден, се повеќе тоне во себе и книгите од својата библиотека и ја губи врската со реалниот свет, се согласува да му биде заморче на еден млад доктор со помалку сомнителна репутација...
Ликовите се одлично изградени и живи, од оние на носителите на дејството, до оние најмаргиналните. Дејството е со одмерено темпо, а хуморот е неизбежен.
Одличен избор за секој кој сака хоро-мистерии, но и за оние кои посакуваат малку промена.
Зборови е книга која ви го буди срцето, ви ја буди душата, би кажува дека не се плаче за оној што сте го изгубиле, туку за себе си, за сите зборови што ги премолчуваме, за сите зборови кои не сме ги кажале. Книга за да се запознаеме себе си преку болката на другите, книга за загубата и надежта, книга за да размислиме дали љубовта се губи или премнинува во некој друг облик кој треба да го осознаеме.
Зборови – се со она што останува и по смртта. Зборови – оние кои не ги изговараме се најгласни во нас. Зборови - и лек и болка, тие е се меч со две острици. Зборови – омаж на моќта на јазикот, и како уметност и како животна реалност. Таа е тука, ама ја нема. Ја чувствувам , но не можам да ја допрам. Треперење. Присуство. Не го гледаш. Те гледа. Го слушам гласот. Ме повика. Не во реалноста. Ама не е ни во сон. Можеби се уште има начин. Можеби зборовите имаат сила. Имаат моќ. Ја нема. Ама јас живеам. Со неа. Без неа. Живеам. Мирис. Засилен. Спомени. Емоции. Душа. Мирис. Лаванда. Книги. Боровинки. Езеро. Вода. Спомени. Тежина. Таа не зборува, но во воздухот мирис на боровинка, во ќошот од неговата мемероја капини
После долго време на мрза, решив навистина да ја прочитам книгата. Накратко- очекував да е одлична и беше одлична. Првото нешто што ми падна во очи беа кусите, содржајни реченици (синтагми е можеби посоодветен збор бидејќи не содржеа сите глаголи). Не знам кој ми го кажал тоа, но кога бев помала мислев дека не е возможно да се пишуваат слики, туку само можат да се цртаат. Сепак, дознав дека Е возможно да се сликаат слики со зборови. Ова несомнено се слики: „Празен стол. Сара.“; „Ударите на брановите на цеметот“; „Смеење. Капина. Борови. Светложолта куќарка. Лалиња“. Немам читано многу научна фантастика, но имам читано фантазија и можам да кажам дека немам ниту слушнато за некој роман каде фантастичниот елемент (во овој слушај зборувањето со мртвите) се поврзува со мирисот. Оргинална идеја. Сега ќе преминам на ликовите. Стефан, како лик, доживува промена. Неговата трансформација од замислен, тажен карактер се менува во личност која има животна цел, кој сака да помогне. Мотивацијата да му помогне на семејството на Софија можеби и не би била присутна доколку тој самиот не се променеше. Филип, од друга страна, беше сомнителен уште од почетокот. Низ книгата, читатолот добива еден вид на "hints" за вистинскиот карактер на докторот. Неговата глума на погребот, таинственоста, сигурноста со која го убедуваше Стефан за „безбедноста“ на експериментот- индикации за неговата нечесна намера. Реално, самото тоа што сака да направи експеримент е сомнително. Ќе споменам уште еден лик- Мери, иако можеби немаше голема улога како претходните два. „Што и да има да ми каже не е важно, затоа што тој повеќе не е овде. Го сакав, го закопав и продолжив.“ (стр.249)- мудри зборови. За на крај ја оставив содржината. Беше интересно како главната приказна се поврза со повеќе "subplots". Почетокот беше малку бавен, но после 70-тата страна прерасна во невообичаен сплет на реализам (особено во локацијата- Охрид, како и карактерните особини на главните ликови кои се реалистични, а не фантастични), научна фантастика (комуникацијата со мртвите) и малку мистерија (особено кај смртта на Софија и вистинските мотиви на Филип). Пораката исто така беше јасна: 1.„Ние сме она што сме.“- стр.251 2. Потребна е храброст и решителност за да се продолжи со животот по смртта на сакана личност- но е и неопходно.
This entire review has been hidden because of spoilers.
Моќно. Издржано. Храбро. Емотивно четиво. Не, малку е да се нарече четиво. "Зборови" е многу повеќе од тоа! Ова неверојатно книжевно дело навлекува со мирисите кои се провлекуваат низ целиот роман. Боровинки. Шумско овошје. Нане. Болка. Дури и да не сте толку голем љубител на чаеви, нема туку-така да ви се провлече силниот мирис кој удира и острата болка која го прободува срцето. Колку точки меѓу зборовите, толку болка во душата. Колку повеќе зборови, толку повеќе тежина. Зборови кои кажуваат малку, а имаат натчовечка моќ. Потребни ли се зборови кога светот Ви се распаѓа пред очи? И доволни ли се? Колку е скапа цената која сме спремни да ја платиме за да ги вратиме оние кои сме ги изгубиле, па макар само за миг? Во очајот и безнадежноста човек ја прифаќа подадената рака без размислување. Стефан го гледа спасот во познатиот неврохирург Филип, кој иако има сомнителна репутација, сепак овој одлучува да му верува. Му верува до толку што седнува на хируршкиот стол подготвен за ново искуство. Оттука секоја страница ја читав со бура од емоции. Ме преплави "flash-back" моментот од лично искуство со неврохирурзите, но не зажалив. Ми делуваше катарзично. Трепанација. Фасцинантно. Духови. Стефан влегува во една сосема нова димензија во животот, но таквата состојба го избавува од летаргијата во која живее четири години по загубата на сопругата. На Сара. Тој ја чувствува насекаде, ја бара во сѐ околу него. И подготвен е на сѐ за да ја зачува во себе. Токму затоа хирургот му доаѓа како молитва. Тој "пакт" кој го склучуваат главните ликови во романот е успешен и почнува да ги дава резултатите. Но, она во кое Стефан почнува да се сомнева е таа безусловна помош која одеднаш ја нуди овој доктор. Дали е тој навистина толку чист и со ангелска душа или пак крие мрачни тајни зад себе? Неговата проникливост е неуморна, а човек во болката е најсилен. Токму кога нема што повеќе да изгуби. Мириси. Зборови. Луѓе. Охрид со Езерото, Калето, луѓето во него. Топлината на обичниот човек, кој всушност е многу необичен затоа што вистински се грижи, а не од пуста љубопитност. Комшивката Мери со нејзините пораки под врата и секогаш мекиот глас, полн со разбирање и поддршка. Родителската грижа за чедото. Болката заради неговата болка. Немоќта да му помогнете и да го избавите од неа. Никој не е моќен да ни помогне додека сами не се подготвиме за тоа. А за тоа е потребно многу време. Доволно долго време за да помине. Да се истагува. Романот е толку реален колку што е светот околу нас. Толку реален колку што е реална загубата и болката и сочувството. И љубовта. Љубов која се дише и се мириса со сите сетила низ редовите. Љубов која не поминува. Која ќе Ве допре преку зборови. И ќе Ве држи. Долго. Силно. Маестрално!
Кога секоја наредна книга од омилениот автор сè повеќе те изненадува...
Е мене токму тоа ми се случува со книгите на Јордан Коцевски. Млад македонски автор со одлични идеи, луди сцени и приказни од кои буквално ми паѓа вилицата.
И после толку време од промоцијата, конечно ја прочитав „Зборови“. Приказна за еден млад човек, Стефан, кој ја губи љубовта на својот живот. Ја губи смислата на своето постоење. Запаѓа во депресија, се затвора во себе, насекаде ја гледа жената што ја изгубил, за сè се прашува што би рекла таа, како би го направила таа ова или она.
И одеднаш, во неговиот живот влегува еден доктор, неврохирург, кој има решение за него. Хируршка интервенција на мозокот, не баш многу легална и работите се менуваат. Because desperate needs need desperate measures. И Стефан влегува во еден нов свет каде зборовите добиваат едно поинакво значење.
Но што точно ќе се промени?
И дали е Стефан подготвен за промените кои следуваат, за новиот поразличен живот?
Дали работите се менуваат на подобро или на полошо?
Дали сме сигурни дека сакаме да оживееме некои нешта од минатото или е подобро тие да си останат закопани токму таму, во минатото?
И да не раскажувам понатаму. Овој роман ми е веќе во „топ десет“ за оваа година. Беше во трката за Роман на годината на 2023. И не ми е јасно зошто не влезе во потесен круг. Јас не знам дали повеќе ме воодушеви приказната, мистеријата, паранормалните моменти или живописните описи на Охрид? Затоа што овде има баш сè. Едно извонредно модерно дело од македонски автор кое заслужува да биде прочитано!
Одлично освежување во современата македонска книжевност. Нарација која веднаш вовлекува внатре, во еден извонредно богат свет што е неспорна рефлексија на раскошната имагинација на авторот. Прекрасно четиво за љубовта, загубата, тагата и подготвеноста да се стори сѐ за магичната можност да се подотвори еден прозорец низ кој би го виделе невозможното, посакуваното, "она што е отаде оваа реалност". Честитки за авторот и му посакувам многу читатели или уште попрецизно, на читателите им ја посакувам можноста да влезат во овој прекрасен и вешто структуиран свет, да ја запознаат неговата магија со целиот бескрај од варијации и очудувања што таа ги нуди.