Jump to ratings and reviews
Rate this book

Најслаткиот филџан кафе

Rate this book
Ема е млада девојка, средношколка во музичко училиште, која го сака пеењето и свирењето виолина. Малку „презрела“ за своите години, или барем таа така се доживува себеси. Ема е паметна, Ема е интересна, Ема е убава; сите сакаат да се дружат со неа и каде и да оди го привлекува вниманието на момчињата. Но нејзиното внимание го привлекува токму оној кој не треба; личност која е забранета за Ема. Новиот, млад и прекрасен професор по солфеж, кој сепак е премногу „стар“ за малолетната Ема. Но забранетото секогаш е најслатко и најпривлечно, па така Ема се опседнува со професорот Огнен и не може да престане да мисли на него. Фантазира за него, го идеализира до бескрај и почнува да излегува каде што тој има свирки само за да биде во негова близина.

Кога нејзината најдобра другарка дознава за ова и ја советува да не се впушта во опасни води со постариот професор, Ема не сака ни да чуе; напротив, таа свесно ја оттурнува Марија од себе. Впрочем, таа ги оттурнува сите и сѐ од себе, не сакајќи ништо да ѝ пречи во мисијата да го освои неговото срце. Младоста ја карактеризираат невиноста и неискуството, коишто се први предуслови за погрешни избори и грешки кои можат многу да чинат. Па така, во еден момент се чини како главната хероина да губи сѐ, но сепак останува една светла точка во нејзиниот живот.

Велат дека пријателството е како свеќа што сјае и ти го грее срцето кога надвор е студено и темно…

Paperback

Published January 1, 2023

Loading...
Loading...

About the author

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
15 (29%)
4 stars
15 (29%)
3 stars
13 (25%)
2 stars
7 (13%)
1 star
1 (1%)
Displaying 1 - 6 of 6 reviews
Profile Image for Никола Митовски.
Author 2 books9 followers
May 24, 2025
Книгата „Најслаткиот филџан кафе“ е повеќе од роман. Таа е еден вид топол разговор, една тивка исповед испишана со едноставност, искреност и човечност. Авторката Оља Петрушевска-Томева успева да долови длабоки чувства, судири на младешкиот дух со реалноста, и да ги претвори во поетичен, но реален животен приказ. Книгата се чита лесно, но ја чувствуваш тешко – затоа што многу од речениците директно ти се вселуваат во мислите и ги отвораат оние прашања кои обично си ги чуваме за себе.

Главната хероина, Ема, е тинејџерка со уметничка душа, ученичка во музичко училиште, вљубена во музиката и во животот. Нејзината ранливост е пренесена толку искрено, што читателот не може а да не се поврзе со неа. Нејзината љубовна приказна започнува наивно, како бајка, но брзо се претвора во внатрешна борба помеѓу разумот, чувствата, моралот и срцето. Таа се вљубува во Огнен – нејзиниот нов, млад професор по солфеж. И токму тука книгата ги отвора сите прашања што ги носи една таква забранета, недозреана, но искрена љубов.

Оној кој чита внимателно, ќе забележи дека „кафето“ во книгата е многу повеќе од пијалок – тоа е симбол на поврзаност. Секој филџан кафе претставува ситуација, чувство, или врска меѓу луѓето. Авторката пишува: „Сепак, мене најслатко ми е кафето што го пијам со мојата најдобра другарка. Кафе за муабет.“ Тоа е тој вистински момент на блискост – кога кафето е само изговор за да се отвори срцето. Кога зборовите стануваат лек.

Исклучително впечатлив дел од книгата е и следново размислување:
„Случките кои можеби по стоти пат одново ги раскажуваме за да си ја испразниме душата и заеднички да донесеме заклучоци и решенија. Тоа е посебно чувство. Тоа е нешто како култно решение. Всушност, за мене, со еден збор тоа значи ЉУБОВ!“
Ова не е само литература – ова е искуство. Признавање на потребата од споделување, од разбирање, од повторување на приказните не за да ги промениме, туку за да се помириме со нив.

Како млад човек, оваа книга ми покажа дека и ние младите знаеме да чувствуваме длабоко. Ние забележуваме ситници, ги читаме знаците. Една мисла од книгата која ме погоди беше:
„Стрелките на часовникот беа преклопени, цагер. Некој мисли на мене, си помислив.“
Ние токму вака размислуваме – гледаме симболика во секунда, во поклопени стрелки, во мирисот на кафе, во непланирани совпаѓања. И тоа не е наивност – тоа е младешка магија.

И, да бидам искрен, мојот прв љубовен состанок исто така започна со кафе. Обожавам кафе – во сите негови форми. Но најмногу го сакам како изговор за да се приближам до некого, да направам простор за разговор. Кафето не е само пијалок – тоа е сцена за споделување чувства, за создавање моменти, за отворање душа.

„Најслаткиот филџан кафе“ е книга која треба да се чита со срцето. Не мора да си вљубен за да ја разбереш, доволно е да си човек што некогаш бил повреден, што знае што значи да се сака – тивко, болно, вистински. Ова дело не е само уште една љубовна приказна – туку огледало на младешките соништа, разочарувања и желби. Со својата искреност и суптилна сила, таа е едно од оние дела што ги паметиш. Книга што може да ја препорачаш некому како да велиш: „Еве, вака се чувствувам, ама не знаев како да ти кажам“.
Profile Image for Кире Мастерс.
50 reviews3 followers
January 18, 2026
Интересна книга чија приказна најмногу би ги погодила младите кои се наоѓаат во своите најранливи години (16-18 години), како и родителите.

Книгата е лесна за читање, раскажана е во прво лице еднина од гледна точка на главниот лик во истата.

Првата половина на книгата ми беше некако многу спора и имав чувство дека ликовите се некако површни и еднодимензионални, но втората половина успеа да ме убеди токму во спротивното, па целокупниот впечаток како целина е многу позитивен.
Profile Image for Наташа Алексовска.
396 reviews11 followers
Read
November 29, 2024
Дали понекогаш непотребно избрзуваме во донесување на одлуки, дури и по прашање на љубовта? Имено, Ема уште веднаш ќе се вљуби во професор Огнен на училиштен час. Со тек на време ќе го следи каде оди, со кого, каде живее, за да открие што е можно повеќе за него. Што ќе се случи кога во нивниот живот ќе им се вмеша Марта? До каков пресврт ќе дојде во животот на Ема, по смртта на нејзини родители? Дали ќе успее да ја открие љубовта на нејзин живот?
Profile Image for Grcheva Viktorija.
52 reviews2 followers
July 12, 2025


"Ниту еден човек не е остров."

"Пријателството е како свеќа што сјае и ти го грее срцето кога надвор е студено и темно."

Прекрасна книга за едно големо пријателство,една нераскинлива врска која трае цел живот.Една преубава приказна која ќе ви ја разнежни душата и ќе ви го скрши срцето.Ја прочитав во еден здив.

Колку ни значи еден филџан кафе испиен со наша најдрага личност,најдобра пријателка/л? Би кажала премногу затоа што кафето е само изговор,а причината е дружбата,муабетот и времето помината со таа личност.

Ема е средношколка во четврта година во музичко училиште која сака своето школување да го продолжи на музичката академија.Таа има се во животот,семејство кое премногу ја сака,најдобрата пријателка Марија и премногу пријатели кои ја обожаваат. Се чини како животот да и е перфектен се до денот кога ќе го запознае новиот професор Огнен и лудо ќе се заљуби во него.Таа ќе направи се само да биде забележана од него.Без оглед на разликата во годините таа не се откажува во намерата и покрај предупредувањата од нејзината најдобра пријателка Марија.Забранетото овошје е послатко нели? Тогаш таа ги оттуѓува сите ,па дури и Марија и во нејзиниот свет не постои никој освен Огнен.Кога мисли дека е најсреќна тогаш животот ќе и зададе таков удар што ќе и го сруши целиот свет, но нема да биде и последен по него ќе следува уште еден.

Како велат после дождот доаѓа сонце.Дали ќе огрее сонцето во животот на Ема ? Дали Ема ќе се смири со својата најдобра пријателка Марија ?

Дали вреди заради некои наши непромислени одлуки да ги изгубиме нашите најблиски во животот? Но понекогаш сме толку заслепени што не можеме да ја видиме вистината и реално да ги согледаме нештата.Не за џабе рекле "Љубовта е слепа."

Понекогаш љубовта може да боли толку многу што ќе ни остави трага за цел живот.Но и покрај ударите што ни ги задава животот треба да продолжиме напред и да пробаме одново да сакаме.
Треба да ги гушнеме нашите најблиски пријатели, родителите да седнеме да поразговараме и да им посветиме внимание,бидејќи животот е премногу краток,а изгубеното време не се враќа назад.Еден филџан кафе навидум изгледа како нормална работа,но всушност значи многу.

" Треба да го цениме тоа што го имаме, да ги цениме тие што не сакаат,што се грижат за нас,да ги сакаме и да ги чуваме, бидејќи не знаеме кога животот ќе ни ги одземе."
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
89 reviews7 followers
May 12, 2025
Се мислев што да напишам за оваа книга која ја прочитав додека пиев утринско кафе и тоа во еден здив. Додуша две кафиња испив, ама не ми се оставаше книгата, а ми ги годеше да го направам ритуалот на пиење кафе со читање на книга и тоа со таков наслов.
Нема да пишувам за дејството во книгата, ќе оставам сами да откриете, ама ќе кажам дека ова е книга која треба да ја прочита секој, ова е книга и за млади и за родители, книга за младоста, љубовта, грешките, неискуството, другарството.
И да, треба да знаеме колку само значи да се испие едно кафе со нашата најдрага личност, со нашиот најдобра другар, со блиските околу нас.
*Најслаткиот филџан кафе е првото кафе со саканата личност, каде секој поглед е посладок од сладоста на кафето.
*Најслаткиот филџан кафе е кафето што ќе ти го донесат без да го побараш, само што некој знае дека ти е потребно.
*Најслаткиот филџан кафе е со другарите, пријателите по еден поминат долг ден на работа, каде опуштеноста и смеата се главната состојка.
*Најслаткиот филџан кафе не се пие со уста, туку со душа и срце.
*Слаткоста на кафето не доаѓа од вкусот, туку од моментот што го носи со себе.
Profile Image for  Ivana Oltovska.
587 reviews227 followers
April 24, 2024
Прекрасно е доловена тинејџерската вљубеност како и пријателствата кои секако траат вечно заедно со најслаткиот филџан кафе! Браво за авторката! :)
Displaying 1 - 6 of 6 reviews