Jump to ratings and reviews
Rate this book

Зелениот дворец

Rate this book
„Се пресече. Дури и раката си ја стави на уста, како да сакаше да замолкне дека не си верува на сопствените очи.
Пред нив стоеше стара куќа што личеше на замок, некогаш бојадисана во зелено. Беше напуштена и целиот имот изгледаше морничаво и нестварно.“

***
Скопје, 1922 година. Мистериозна жена пристигнува на состанок за планирање на изградбата на Ристиќевата палата.
Скопје, 25 јули 1963 година. Една жена решава да спие облечена во чизми. Не знае зошто.
Скопје, 2011 година. Еден маж на игралиште ја гледа сопствената мајка, шестгодишна.
А сè почнува од зелената куќа во Црниче.

160 pages, Paperback

Published April 1, 2023

1 person is currently reading
13 people want to read

About the author

Сибо

3 books3 followers

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
20 (52%)
4 stars
10 (26%)
3 stars
6 (15%)
2 stars
1 (2%)
1 star
1 (2%)
Displaying 1 - 10 of 10 reviews
Profile Image for Златко Стојковски.
85 reviews13 followers
October 21, 2023
Кога прочитав дека книгава е своевидна хроника за Скопје, очекував едукативно четиво, но не и толку забавно. „Зелениот дворец“ е далеку од само хроника. Тој е и научно-фантастична, но и љубовна приказна за едно место во кое како во центарот на пајажина се собираат неколку приказни од неколку времиња, но со истите ликови. Ова е приказна во која ќе уживате, која нема да ве остави да ја оставите, ќе ве опседне, зашемети, натера да се смеете, но и да плачете, да се сеќавате, приспомнувате, да посакате да живеете во некои други времиња, да се радувате, и најважно од се - приказна која, ма колку и да е неверојатна - ќе ѝ верувате!

Штета што патиме од хронично непочитување на своите традиции, па зелениот дворец во Црниче мораше да заврши така, како што и се во државава завршува така. Но за среќа ќе го имаме и ова дело за Скопје кое ќе не потсетува и на работите кои сме ги изгубиле, но и на оние кои се уште постојат, а веќе нема да ги гледаме со истите очи.

Навистина пријатно изненадување! Најтопло препорачувам!
Profile Image for Kristina ☆.
169 reviews64 followers
September 20, 2024
Книгава е супер, доста интересна и неочекувана приказна. Ми се допадна тоа што ме прошета низ Скопје во повеќе негови различни периоди, како и самата идеја која ги поврза ликовите со зелениот дворец во Црниче. Посебен впечаток ми оставија описите на земјотресот, последиците и чувствата предизвикани од него, како и пресвртот кој не го очекував. Мило ми е што ова дело го овековечи сеќавањето за оваа, според мене, величествена градба. Сепак, сметам дека приказната си бара многу повеќе страници, како и комплетна елиминација на скопскиот дијалект што на моменти не можев да го поднесам.
Profile Image for Andrei.
147 reviews
March 26, 2024
4.5
Одличен концепт, само што му недостасуваше малку подлабока обработка на ликовите. И да се „избаци“ скопскиот дијалект. Добро де, се шалам за второво.
Убава книга, како и да е.
Profile Image for Biljana Bogdanovska.
177 reviews3 followers
May 26, 2023
Каков одмор и задоволство ми пружи книгава. Го шетав Скопје во неколку различни времиња. Како временска капсула. Разговорите, на маса, в кафеана, што те носат од научна тема, преку тарот карти до суеверија и верувања на народот. Токму како што сите ние помалку или повеќе го минуваме животот. Еден прекрасен осврт на Скопје, со многу факти и одлична приказна сместена на улиците од главниот град.
Особено ме восхити видувањето на земјотресот од 1963 година.
Оваа книга требаше да биде напишана!
Куќата во Црниче, замокот, „куќа на духови“ со целата мистериозност околу неа, толку години по нејзиното уривање, стана бесмртна.
Profile Image for Angela.
85 reviews5 followers
June 1, 2023
Мислам дека што и да кажам нема да биде доволно. Книга која што детално го опишува Скопје и неговите убавини. Книга која што може да ја промени перспективата за Скопје, градот кој што и ден денес и покрај сè, сè уште расте. Ова е книга за љубовта, науката, тоа што не може да се објасни, а најмногу ова е книга за Скопје и неговата убавина. Книга што не само секој скопјанин треба да ја прочита, туку секој што ќе успее да ја има во своите раце.
Profile Image for Anchi.
409 reviews92 followers
February 26, 2025
❗️Спојлер

Една солидна тројка за книгава со оглед на стилот, дејствието, ликовите, длабочината. Ни нешто фасцинантна, ни па прелоша.

Најголем недостаток според мене ѝ е недоволната развиеност на ликовите и недоволната јачина на врските меѓу нив, особено на клучната: мајка-син. А и кога ќе се земе предвид дека Петар бил оставен од вистинската мајка, при што не знаеме зошто донела таква одлука, нити гледаме логична причина за тоа, голем дел од идејата за паралелен универзум пропаѓа во вода. Ако љубовта е двигателот за отварање на порта, тогаш каде е љубовта на мајката према синот кој го остава за да побегне со маж?!

Книгава имаше баш добар почеток, мислев ќе биде докрај така. Но, некако со воведувањето на скопски дијалект, застранувањето со небитни случки, како и конфузноста што писателот често ми ја создаваше поради начинот на опишување на некои поими и нешта, интересот ми опадна. Највпечатлив дел би рекла дека беше поглавјето посветено на земјотресот, дури ми дојде како да е пишувано од друг автор, навистина убаво и емотивно. Посакувам цела книга да ја оддаваше таа зрелост и вештина.
Profile Image for Jana Misho.
Author 8 books57 followers
May 8, 2023
„Зелениот дворец“ е едно частење за сите што на некој начин биле допрени од Скопје.
Многу ми е драго што конечно излезе романот, затоа што ни е даден поклон, како Скопјани и читатели, после читањето, секогаш кога ќе поминеме покрај некоја од пулсирачките точки на градот, да ни се створи пред очи слика што само добар роман може да ти ја вреже во глава. Зборувам за оној момент, кога ќе ја прочиташ „Мулен Руж“ на Пјер Ла Мир, па ќе поминеш покрај гробиштата на Монмартр, или покрај кафана каде што седеле уметници што денес ги има во Лувр, да ти се врати истото чувство како моментот кога си прочитал за нив. После „Зелениот дворец“ тоа се случува кога ќе поминеш покрај Ристиќева палата, покрај Железничарската зграда, или Француските гробишта.
Приказната е многу несекојдневна и необична за нашата литература, а сепак, и покрај фантастичните моменти, толку реална и човечка. Ликовите се толку комплексни, а сепак едноставни, и формулите што се провлекуваат низ приказната, полесно се објаснуваат преку филозофија отколку преку физика.
Profile Image for Katerina Shoshko.
Author 4 books34 followers
May 9, 2023
Пред да почнам да читам, не знаев каква приказна ќе биде Зелениот дворец. Со оглед дека е инспирирана од некогашната „зелена куќа на стравот“ во Црниче, прво мислев дека ќе биде хорор или мистерија, но ова е една нежна, романтична, убава приказна за Скопје и скопјани во 20тите, 60тите и 10тите.

Како за личност што многу често го зема градов здраво за готово и често му наоѓа маани, ми се допадна овој скопски магичен реализам, со натприродни елементи и само едно ќе кажам - навистина ми е жал што вакви објекти како зелената куќа од Црниче (и ред други низ цела Македонија) не успеваме да ги сочуваме и одржиме.

Сибо ненаметливо и непретенциозно ти раскажува приказна во која веруваш и му веруваш дека така навистина било. И фино е да го видиш Скопје во неговото златно време од 20тите, со бисери и долги ракавици, чаши шампањ и култура, да бараш слики од тоа време за да видиш каде се наоѓале одредени објекти, и како изгледал градот тогаш.

Добар филм/серија би излегол од оваа приказна.

Препорачувам!
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books144 followers
July 5, 2023
Книгава е солидна четворка за мене, пред се' поради интересните ликови, покрај главниот лик и хемијата на нивното пријателство и добрите дијалози. Од друга страна пак ми пречеше што сите дијалози беа на Скопски дијалект, кој воопшто не беше ублажен.
Меѓу другото се работи за научна фантастика, што е ретко застапен жанр кај нас.
Самата приказна е интересна, паралелното раскажување на настани од минатото и сегашноста функционира добро.

Тоа што ми го намали читателското уживање беше предвидливата мистерија, посебно таа околу главниот лик. Тука треба да ги спомнам и елементите на научната фантастика, каде теоријата се поставува, но примената на истата не е баш јасна, затоа што авторот спомнува два различни принципи (не може ова конкретно да се објасне без да ви откријам значаен дел од содржината), а всушност се работи за само еден. Со тоа голем број на појави или феномени кои се нафрлани на почетокот на книгата, всушност не се објаснети, односно решени, затоа што се косат со главната теорија која ја поставува самиот главен лик, односно едниот принцип го негира другиот.
2 reviews
March 17, 2024
да беше пецто страни ќе беше бољје
Displaying 1 - 10 of 10 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.