Расказите на овој писател претставуваат верна слика на времето и просторот, доживеани во скопска средина. Иванов е мајстор на описот, редок толкувач на запаметените мигови од детството. На многу, навидум маргинални теми им дава литературна широчина и смисла.Значајни места, ближни личности,судбоносни настани, човечки премрежиња, занаетчии, трговци и мноштво луѓе со разни табиети останале врежани во богатата меморија на писателот. Сите тие мали нешта, но со особен личен белег, веќе шест децении во континуитет, писателот ги пресликува во своите раскази како на филмско платно. Раде Силјан
Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на Културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности. Бил уредник на списанието „Млада литература“ и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонскиот ПЕН центар. Бил претседател на Друштво на писателите на Македонија. Член на ДПМ од 1958 година. Добитник на наградите: „1 Мај“, на Недела на радио драмата на ЈРТ, „Рациново признание“, „Кочо Рацин“.