Пролетта 2021 година главниот лик во романот Полиглот е ангажиран како преведувач на меѓународна конференција. Додека совесно си ја врши работата, постепено сфаќа дека настанот добива неочекуван тек. Секоја нова епизода го испумпува кислородот од малата кабина, но и го буди во него гневот спрема општеството и спрема нив, па најпосле тој заклучува дека мора да ги урне ѕидовите на кабината - за да не се задуши. Но тоа не е возможно додека не го добие својот расплет приказната за чудните случувања од пролетта 2004 година.
Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген, но поголемиот дел од животот го минува во татковината. Дипломира во Скопје на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на групата Македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Од 2003 до 2006 година и потоа во 2008/09 година работи на Универзитетот во Лавов (Украина). Од 2005 до 2009 година работи на Универзитетот во Катовице (Полска) и во 2009/2010 година на Масариковиот универзитет во Брно (Чешка). Докторира во Полска во 2009 година. Автор е на 4 книги од областа на лингвистиката. Во моментов живее и работи во Скопје.
Има објавено три романи:
Гаргара, 2014, Панили, финалист за наградата Роман на годината Првиот универзитетски ден на мојата ќерка, 2016, Или-Или, финалист за наградата Роман на годината Диссомнии, 2017, Антолог, финалист за наградата Роман на годината, добитник на Рациново признание.
Ова е едно од прашањата кои ги поставува „Полиглот“ исто како што е едно од прашањата кои си ги поставувавме сите ние последните неколку години. „Полиглот“ во еден од своите слоеви не потсетува и на едно наше блиско минато, но и секојдневието кое го живееме, правејќи паралела помеѓу политичките случувања во Македонија од последниве десетина години и случувањата во Украина пред и по 2013 година и „Мајдан“. Тоа му дава уште поголема длабочина и на некој начин не става и нас во улога на ликови во него. Слоевитоста на романот го прави „Полиглот“, според мене, најкомплексниот роман на Станојоски, иако можеби plot-twist-от на крајот (на кој впрочем сме навикнати во неговите романи) токму заради комплексноста е за нијанса поблаг отколку во едни „Гаргара“ и „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“. Малку сум растргнат во мислите не знаејќи на која страна да го насочам овој мој краток осврт, затоа што има навистина многу нешта за кои треба да се зборува и се плашам дека ќе испуштам нешто што би сакал да кажам. Изобилува со метатекстуални елементи, но и автореференцијалност, во кафулето „Книга“ видов слика на „Гаргара“ од истоимениот роман, улиците се истите, местата се истите, времето и аурата која го обвиткува се истите од претходните романи на Станојоски, така што ова не може да биде ништо друго освен уште еден дел од огромниот негов роман кој се уште се пишува. Навистина уште едно убаво дело во кое уживав од почеток до крај и кое ќе го паметам по многу нешта. Ако не по друго, барем по тоа што се заљубив во „Океан Ельзи“, чија музика мораше да оди во позадина додека читав. Најискрена препорака до сите!
Еден од најпрепознатливите гласови во современата македонска книжевност. Одличен концепт, интересна нарација, уживав во приказната. За нијанса ми е малку послаб (лично) од претходните, но сепак супер четиво.
"Почна како брчење на трудољубива пчела, како тивок комшиски разговор на две жени; како неколку пчели, како две злобни жени озборувачки, две вештерки; како рој од цело улиште пчели во налет, како јато вештерки што летаат на метли во мој правец..."
Полиглот е првиот роман на Игор кој го прочитав (а после ова нема да биде ни последен). Во посветата ми напиша читајќи го, да си пронајдам нешто убаво, нешто како за себе. И не само што пронајдов нови нешта, романот ми ја разбуди и малку подзаборавената љубов и страст кон преведувањето.
Иако не сум обожавател на приказни кои те носат напред назад во времето, овој роман е сосем поинаков. Сите настани кои писателот ги раскажува се толку поврзани и се надополнуваат меѓусебно, што во ниту еден миг не ми засмета патувањето од едно во друго време. Одлична приказна која реално го опишува времето во кое живееме. Време на "знаеш ли кој сум јас", време на подлизурковци, време кога чесните луѓе се туркаат во агол за оние другите да можат да се издигнат повисоко во општеството и поблиску до својата цел.
Приказна која наведува кон нови начини на рамислување, отвара нови перцепции кон светот и го буди мозокот. Допира теми кои се насекаде околу нас а толку малку се разговара за нив. Потврдува дека реалноста не е секогаш онаква каква што изгледа. Книга за вистинско уживање и умствено размрдување.
Необична книга, напишана во неколку временски линии (кои го опфаќаат периодот 0д 2004 година во Украина до 2021 година во Македонија) кои и не се толку оддалечени, но се преплетуваат наизменично, како што секое поглавје насловено со „Интервју“ (и римски број) и „Кабина“ (и римски број) започнува со реченица во која се содржат исти зборови како што завршува претходното, па дури и првото и последните 6-7 поглавја кои се поинаку насловени. И самиот крај на романот се испреплетва со почетниот параграф, т.е. се повторува, сè е измешано и сè се надополнува. Роман во кој се зборува за претходно напишаниот, но несочуван роман „Полиглот“ кој неименуваниот наратор, инаку писател и симултан преведувач му го раскажува во поглавјата именувани како „Интервју“ на новинарот Михајло, додека во поглавјата именувани како „Кабина“ симултано преведува на меѓународна конференциска средба која се одржува во скопскиот хотел Стоун бриџ на македонски политичари со украинска делегација (мене тука ме потсети на романот „Авантурите на лошото девојче“ од Марио Варгас Љоса). Имено, авторот една година студирал во Лавов и низ ретроспектива ги евоцира спомените од тие студентски денови, цело време алудирајќи на некаква случка на Карпатите која променила многу во неговиот живот и после која ја напуштил Украина за да не се врати веќе никогаш.
„ Особено ми претставува чест тоа што сум во земја која неодамна направи еден од најголемите подвизи во историјата на Европа: во интерес на добрососедските односи и евроатлантските вредности си го промени името. Му симнувам капа и на народот на Македонија, кој во целиот процес на проме на на името и трасирање на патот кон НАТО и ЕУ, не ѝ подлегна на руската пропаганда - за која не се сомневам дека е силно присутна, како и насекаде во светот - и без протести ја прифати промената на името, за која и самиот гласаше на референдум." „Јас се извинувам што ќе се вмешам", се вмеша Дамјан наеднаш. И самиот претпоставив дека некој ќе го коригира говорникот: очигледно, тој погрешно дознал дека референдумот за промена на името бил успешен. Но, ги мразев моментите кога за време на преводот ќе почнат да си реплицираат. Тогаш преведувачот мора да биде максимално сосредоточен за да не дојде до непријатно недоразбирање, па уште и сосема често се случува некој од учесниците да заборави да го стисне копчето на микрофонот пред себе, така што неговиот глас ќе допре до сите учесници, но не и до кабината, по што повторно обвинувачки погледи ќе се забодат во преведувачот. „Како прво, ви благодарам за убавите и искренн зборови на сметка на нашата земја. Само ве молам да бидеме коректни", продолжи Дамјан, а јас веќе знаев и што ќе следи: ве молам да бидеме коректни, референдумот за промена на името не беше успешен, народот не гласаше за промена на името но ние го сменивме името затоа што ние знаеме што е добро за народот... Но, вистината е дека Дамјан рече нешто сосема друго: „Имено, и самиот убаво го опишавте херојството на нашиот народ, на граѓаните на Република Северна Македонија, кои преку референдумот одлучија да се зацврстат на патот на демократијата, па ве молам да се придржуваме на употребата на новото име на нашата земја, Република Северна Македонија." „Да, секако..." збунето потврди украинскиот излагач, по што погледна во колешката до себе, која исто така збунето погледна во него, а јас се понадевав дека на тоа ќе се заврши, но потоа тој се досети: „Но, јас реков Республіка Північна Македонія, Република Сјевјерна Македоњија“ се обиде самиот да преведе на македонски, онака како што успеал да слушне од Дамјан, „Да не е до преводот..?" Тоа е тоа, класика, си реков помирено секојпат кога имаат какво било недоразбирање, вината се префрла на преведувачот. „Преведувачот преведе со Република Македонија", рече Дамјан. „Аха, ете, значи тоа е проблемот. Ние, Украинците, а мислам и сите с��ранци, понекогаш грешиме затоа што сме навикнати на старото име, но сега сум сигурен дека реков Северна“, потврди Володимир. Да, навистина беше така, во излагањето на Украинката ниту еднаш не прозвучи Северна, а веројатно немаше да прозвучи ни во излагањето на Володимир да не беше тоа тематски поврзано токму со промената на името.“ "Потоа се сетив на онаа вечер кога во Собранието беше донесена одлуката. Референдумот не успеа, но се чувствуваше дека некако ќе се истурка промената на името. И во општествените настани и во приватниот живот на единката најчесто се чувствува кога нешто едноставно мора да се случи. Нешто како кога гледаш американски акционен филм, каде што лошите момци во добар дел од филмот победуваат, но ти знаеш дека Добриот порано или подоцна ќе мора да се соземе и да ја однесе конечната победа. Така беше и со името: ние, лошите момци, победивме со референдумот, но јасно беше дека добрите ќе бидат конечните победници, па филмот го гледавме докрај не за да го дознаеме победникот, туку само за да го видиме начинот на кој ќе се дојде до таа победа. Таа вечер бев на превод на еден книжевен настан во центарот на Скопје преведував за една гостинка писателка од Полска. Потоа ја поведовме со себе полската писателка и седнавме на пиво во Пивница во Чаршија. Тогаш еден колега книжевник на телефон гласно рече: „Изгласале! Е, добро, конечно.“ И без да го препрашаме, знаевме за што се работи. Дел од колегите се израдуваа, дел веројатно го прикрија разочарувањето. Разочарувањето го прикрив и јас, но на тој начин што станав и си отидов, оставајќи ја на половина збор полската писателка, која нешто ќе ме прашуваше, и веројатно беше единствената што немаше поим што се случува. Откако излегов, сигурно ѝ објасниле, барем онака како што тие го доживеале тоа. Јас излегов затоа што ми стана задушно да делам иста маса со макар еден човек што ликува во ваква ситуација, а бев сигурен дека ги има повеќе, и, второ, морав да тргнам во потрага по нашиот одговор: каде се собираме?, што ќе презееме?, од каде ќе почнеме да... демолораме? – божебрани ме од обвинувања за повикување на наслство. Од Чаршија се упатив кон Плоштад Македонија, патем проверувајќи на телефонот што се случило. Опозицијата обвинуваше дека осумте нејзини пратеници, кои гласале за, биле уценувани, поткупувани, еден беше пуштен од притвор за да гласа... Знаевме дека е така, но што со тоа? Чувствував неверојатен набој на гнев додека минував преку Камен мост. Насетував дека до ова ќе дојде, но знаев и дека не смее да им помине. Кому? Ним? Но кои се тие? И постоиме ли ние? И помислив дека токму тоа била целта: за да престанеме да веруваме во постоењето на ние, неопходно е да бидеме предадени од нашите. Тоа е она што парализира. А кога стигнав таа вечер до Плоштадот Македонија, дури до споменикот на Ченто, а потоа и до Собранието, се уверив дека сме токму такви- парализирани. Гневот ми даваше сила во мускулите, и се прашував што би можел да направам, не сакајќи да се помирам со одговорот. Истото чувство го имаа сите наши. Како кога го нападнале брат ти, а ти стоиш стаписан, знаеш дека треба да реагираш, но не го правиш тоа. А можеби едноставно сме биле паметни. „Филмот" (американски ли?) си имаше однапред дефинирано сценарио, и беше предоцна да се промени тоа. Имавме само две опции: едната беше да останеме тивки гледачи во темнината на киното, а втората опција беше, сепак, да влетаме во филмот. Да влетаме и да завршиме како колатерална штета, како оние човечки силуети што завршуваат на хаубата на возилото на лошите, додека се бркаат со добрите. Трката најчесто е за да се спаси животот на некој од ликовите, а оние случајно пргаените се сосема небитни, важно е само да бидат прегазени од возилото на лошите, никако не од возилото на добрите. „Во политичката клима во секоја земја постои нешто што еден од моите омилени социолози го нарекол крива на возбудата. Можеби тебе ќе ти биде познато ова оти дури мислам и дека терминов е преземен од теоријата на книжевноста. Име но, во политикологијата тоа значи дека кога се планираат општествено-политички промени, активно се работи на тоа да се подигне кривата на возбудата во општеството. Па се прават скандали, драми, се крева прашина околу ништо, претходно помпезно се најавува тоа итн. На пример, да речеме, се доаѓа до некој наводен снимен телефонски разговор, па тоа театрално се најавува, па се пушта по медиуми, па се организираат цели дебати само за тој еден разговор, па се организираат протести, така што кривата на возбудата се подига до толку што после не може да се спушти дури ни ако се открие дека целата работа со телефонскиот разговор е наместена. Вистината не е битна, важно е само да се подига кривата на возбудата. Но, кога ќе се оствари целта, кога ќе се постигне општествено-политичката промена што сакале да ја постигнат одредените центри на моќ, истите тие центри сосем ќе ја издишат возбудата и понатаму ќе работат на тоа таа да остане долу, барем онолку долго колку што им треба за да си ги постигнат целите. А и народот по таквиот расплет се чувствува истоштено, како се да им доаѓа преку глава на луѓето, и нема сила веќе да се одржува високото ниво на возбудата. Тоа мене ми личи на романите: ако заплетот траел доволно долго, откако ќе се случи расплетот, читателот има потреба едноставно да здивне, малку да си го пушти мозокот на пасење, па и да остави времето да си го одработи своето: времето ќе каже какцо значење има приказната за читателот. Кога центрите на моќ сакаат да го одржат ниското ниво на кривата на возбудата, тогаш намерно се продуцира летаргија, па по медиумите се пуштаат главно вести поврзани со болести - оти, нели, секогаш можеш да се вадиш на тоа дека ништо не е поважно од здравјето - сообраќајни несреќи, не е исклучено и намерно да се предизвика некоја нeсреќа, во вид на пожар или нешто слично, па потоа намерно се отвораат дискусии за правата на животните, па за истополовите бракови итн., па буквално се принудуваат луѓето да заземат став, односно да си го зафатат мозокот со други работи, само за да немаат време да мислат на она што е суштинско за нивниот народ. А за она што е суштинско, се пуштаат замачкани ставови, знаеш, божем се кажува некој став, а притоа тој божемен став како да се стреми кон оригиналност: божем е критички настроен и кон едната и кон другата страна, а тоа оди во прилог на безнадежноста оти нема ништо побезопасно од народ што престанал да верува. А ќе престане да верува кога ќе направиш да се разочара од оние на кои им верувал, од своите, тоа е како да се разочарува од самиот себе, а оној што се обвинува себеси, нема никаква моќ за револуција.“
Интересно четиво. На линија со „Диссомнии“, која за нијанса ми беше поинтересна, можеби токму поради тоа што овој термин не ми беше познат. Но, „Полиглот“ толку многу зборува со мене. Новинар сум, па интерјвуто со михајло го доживувам и блиско и професионално. Од истата причина, некако блиска ми е или позната работата на преведувачите во кабините. На такви конференции, каде сѐ е однапред договорено, па не е ни битно кој ќе го каже нештото, сум присуствувала милион пати. Колкупати само ми дошло и мене да свикам по учесниците за нешто со кое тупат, како во книгата со Северна. „Полиглот“ иако самиот автор во книгата ја споредува со дела од Достоевски или барем тоа посакува да биде главниот јунак, мене повеќе ми наликува на Булгаков. (Ако не сум го пишала истото и за „Диссомнии“.) На почетокот ми сметаше јас формата на раскажување, но до крај на книгата се прекршив и признавам дека сосема на место е. Ќе изгубеше на јачина ако се раскажуваше во трето лице. Возраста на главниот јунак е блиска до мојата, па сведок сум на тоа со што се бори Македонија годиниве и сосема ми е јасна дилемата во книгата. Она што ми бепше интересно е описот на животот во студентскиот дом во Украина, затоа што многу наликува на мојот во „Стив“, со таа разлика што не бевме сами по соби. Ама тоа шлап-шлап и тоа како ми е познато. Би ја оценила книгата и повисоко, ама ништо изненадувачко за мене во неа нема. И јас сум донекаде на тоа ниво, па сметам дека моите деца кога ќе пораснат далеку повеќе од мене ќе уживаат во оваа книга. Фали временска дистанца со настаниве за потполно уживање. Еве еветувам ќе ја препрочитам за 20-тина години! :)
„Почна како брчење на една трудољубива пчела, какотивок комшиски разговор на две жени; како неколку пчели, како две злобни жени озборувачки, две вештерки; како рој од цело улиште пчели во налет, како јато вештерки што летаат во мојот правец...“
Ова е параграфот со ��ој започнува романот и со кој Игор веднаш ме освои како читател. Тоа што не очекував беше дека токму така ќе го почувствувам и целиот роман, од една пчела до рој. Игор одлично го поставува дејството од запознавањето со главниот лик, неговата професија и моменталната работна обврска, до мистеријата која постепено се провлекува, се дозира, прво име, па настан, во доволни дози да ве натера да ги вртете страниците што побрзо.
Тоа што целото дејство е проткаено со нешто од нашето блиско минато, дава дополнителна длабочина на романот, кој станува и своја критика на нашето општество и вредностите кои се ценат.
Ова ми е прв роман што го имам прочитано од Игор, но сигурно нема да биде последен.
Ова ми е втора книга на Станојоски после "Универзитетски ден". Приказната е интересна и актуелна, но уште на 2/3 од ракописот се насетуваше во која насока ќе заврши со оној твист на крајот. И во претходно споменатиот роман се сретнуваше unreliable наратор, па можеби затоа. Ова ми доаѓа точно некаде на средина меѓу 3 и 4. Севкупно солидно, но ништо спектакуларно.
Дали може нашата наивност да наседне на лаги од блиски пријатели? Што кога со таа наивност ќе направиме и самите измислени личности за одредени личности? До каде може да не одведе самата наивност? Дали до вистински или погрешен правец?