Трг дијаманта
Многу се во редот книги кој се пишувани за време на Првата и Втората Светска војна, искрено презаситена сум, а и сигурна сум дека дека ќе ги избегнувам, а и не знам повеќе дали може да ми се допадне некоја со таква тема, значи сум се заебувала до в крај.
Да јасно ни е на сите дека било тешко да се преживее и секој се трудел да се снајде како умее, за да го зачува сопствениот живот, а и животот на своите најмили.
Оваа приказна е приказна за Наталија, една девојка која е небрусен дијамант, но животот си поигрува со неа, верува во љубовта и одлуката која ќе ја донесе ќе и го претвори животот во кошмар.
Најпрво е верена, па подоцна се ,, заљубува " во друг, тој ја прелажува и станува негова жена, тука ќе ме извинете го заборавив името на мажот .
Тоне Наталија во тој брак, но животот не би бил живот доколку не ни даде еден зрак надеж, па така ги добива своите две чеда и понатака живее за нив.
Ама животот пак не би бил живот ако не и подари и е*ани гулаби. Се извинувам на вулгарноста , а и на луѓето љубители на истите ако ги има во групава, но јас убавина во одгледувањето гулаби, ниту можам да ја сфатам, а уште помалку разберам .
А најстрашното е што постојано ме следат , сум добила и по некоја какушка за среќа.
Така Наталија си добива гулаби, на кој живеалиштето ќе им биде на таванот и постојано ќе се зголемува нивниот број. Но, децата не би биле деца, доколку не им текне некоја фикс идеја, а тоа е додека е отсутна мајка им да ги ослободат и пуштат на долниот кат каде што живеат. Тие страници додека ги читав ми беа измачувањееее.
Мака од мажот, мака од децата и на крај мака од какушки по сред куќи од гулабите, тоа е еднакво на трагедија.
Тера некако животот на Наталија, ден по ден, купи, помини. И тогаш, започнува војната, сопругот и е регрутиран, како и сите мажи. Наталија води тешка битка за преживување, прво за себе, а и за децата.
И доволно е од мене за книгава, вака така ќе ја раскажев за малку.
Жалам, но книгава ми беше потполно промашување, со мака ја читав, со мака ја завршив, со мака го пишувам освртов, ама морам ....
Не ја препорачувам, во никој случај и дадов двојка само поради стилот на пишување на авторот, знаеше да си поигра на сред реченица да префрли од сегашното време, во минатото на некое сеќавање.