Ова е книга која ги содржи фрагментите кои му се препишуваат на античкиот предсократски философ Хераклит а воедно содржи и коментари на истите од авторот.Митевски елоквенто се консултира со многу извори и целосно ни ја доловува философијата на Хераклит и нејзиното толкување. Лично мене ми се чини дека зачуваното творештво на Хераклит е премало за така детално истражување.Му се дава преголема важност и сигурен сум дека на многу фрагменти им се дава значење што тие реално го немаат.Зборувам за значење како философската смисла на фрагментите не како историско значење,пошто тое е секако неспорно.Хераклит е првиот философ кој го употребува логосот како филосовски поим. Она што мене лично највеќе ми паѓаше во очи во фрагментите е постоењето на спротивностите кои заедно формираат една целина.На пример:ден-ноќ,лето-зима,топло-ладно,спротивностите суштествуваат заедно и меѓу нив постои хармонија.Постоењето на едното го условува другото.Ниту едната од спротивностите не може да оди до крајност затоа што на тој начин се уништува совршената хармонија која владее во светот. Премногу место во книгата е посветено на филолошките интерпретации на оригиналните записи на грчки.Можеби за човек кој го познава јазикот и би биле интересни сите тие забелешки и толкувања,но за мене како тотален незналец во тој јазик ми беа досадни.