Jump to ratings and reviews
Rate this book

Детство, лето, град

Rate this book
Во книгата Детство, лето, град се собрани песни, раскази, сеќавања, интервју кои се обединети околу темата детство. Може слободно да се каже дека детството, всушност, е една од најголемите опсесии на Влада Урошевиќ. Во овој избор од речиси сите поетски и прозни книги авторот го опишува својот „златен век“, времето на „изгубениот рај на земјата“ кога сите надворешни сензации го носат вкусот на чудото. Без разлика дали станува збор за расказ, песна или запис, во текстовите низ соновните полупроѕирни превези на сеќавањето се создава конструирана реалност составена од необични, противречни и непредвидливи ефекти. Нежноста измешана со суровост, грубите слики полни со поетичност и постојната верба во насетуваните тајни на секојдневието се основите на поетика која нуди билет за едно сонолико патување низ времето и просторот.

Unknown Binding

16 people want to read

About the author

Влада Урошевиќ

45 books24 followers
Влада Урошевиќ е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач.

Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар.

Добитник е на повеќе награди и признанија: „Младост“, „Нолит“, „Рациново признание“, „Браќа Миладиновци“ (три пати), „Григор Прличев“ (два пати), „Стале Попов“ (два пати), „Книжевен жезол“ и други. За својот книжевен опус, како и за своите заслуги во преведувањето и афирмирањето на франсуската литература, прогласен е од Владата на Франција прво за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред.

Влада Урошевиќ има објавено преку триесет авторски книги, преку четириесет преводи, а застапен е и во многубројни домашни и странски антологии. Неговите книги се преведени на англиски, француски, шпански, германски, дански, полски, словенчки, бугарски, српски и други јазици. Еве дел од неговиот творечки опус:

Еден друг град (поезија, 1959)
Невиделица (поезија, 1962)
Вкусот на праските (роман, 1965)
Манекен во пејзажот (поезија, 1967)
Летен дожд (поезија, 1967)
Знаци (раскази, 1969)
Врсници (критики и есеи, 1971)
Ноќниот пајтон (раскази, 1972)
Ѕвездена терезија (поезија, 1973)
Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975)
Сонувачот и празнината (поезија, 1979)
Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980)
Лов на еднорози (раскази, 1983)
Компасот на сонот (поезија, 1984)
Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985)
Хипнополис (поезија, 1986)
Подземна палата (есеи, 1987)
Демони и галаксии (студија, 1988)
Панична планета (поезија, 1989)
Алдебаран (записи и патописи, 1991)
Митската оска на светот (критики и есеи, 1993)
Ризиците на занаетот (поезија, 1993)
Мојата роднина Емилија (роман, 1994)
Паники (поезија, 1995)
Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996)
Париски приказни (записи и патописи, 1997)
Астролаб (критики и есеи, 2000)
Дива лига (роман, 2000)
Мане, текел, фарес (поезија, 2002)
Невестата на змејот (роман-бајка, 2008)
Седмата страна на коцката (раскази, 2010)
Размена на пораки (раскази, заедно со Тања Урошевиќ, 2013)
Тајна мисија (раскази, 2013)
Тајно злато (поезија, 2016)
Маџун (роман, 2018)

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
7 (50%)
4 stars
5 (35%)
3 stars
1 (7%)
2 stars
1 (7%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 2 of 2 reviews
Profile Image for Aleksandar.
1 review
January 6, 2014
Прва книга која ја читам од него. Импресиониран сум, дефинитивно ќе гледам да ги купам и другите. Заслужува посебно место во мојата библиотека.
Урошевиќ на интересен начин го прикажува нашиот најомилен дел од животот, детството. Преку расказите и зборовите во нив, не носи на патување назад низ времето. Се потсетуваме на безгрижните денови, кога единствената преокупација ни беше дочекот на утрото, средбите со другите деца, маалските игри, уживањето на улицата и сознавањето на непознатото, онаа специфична мистериозност за тие детски години.
Урошевиќ ми ги враќа спомените за седенките, крвавите колена од маалскиот фудбал, муабетите од постарите и учењето од нив. И со право вели дека тоа баснословно време, мирисите и боите, со тој детски интензитет никогаш повеќе не ќе може така да ги почувствуваме.
Ми текнува на мирисот на одредени јадења на баба ми и вкусот кој веќе никогаш не ќе биде ист. Боите на големиот трендафил во дворот, прошетките со дедо ми по Илинденска и мирисот на липите.
И кога го читам во Ноќ на полна месечина над Скопје, ми доаѓа да ја земам книгата и одам на сите места кои ги навел. Онака, чисто да ги почувствувам.
Profile Image for Марија Андреева.
Author 1 book101 followers
April 16, 2016
Книга која ќе ви го стопли срцето, книга која ни дава приказ на едно далечно Скопје, Скопје од времето на нашите дедовци и баби. Но, освен тоа, ни го прикажува тоа далечно Скопје видено низ очите на едно дете, книга каде што боите, мирисите, вкусот и сите останати сетила се компас за спомените, чувствата и обликот на градот.

Одлична книга, ќе направи да почувствувате носталгија и за детството, но и за едно Скопје во кое ние не сме имале прилика да живееме...
Displaying 1 - 2 of 2 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.