Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920 - Скопје, 20 јануари 2000) бил истакнат македонски раскажувач, романсиер, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Во Скопје завршил основно и стручно-техничко училиште. Од 1945 година е уредник на првиот македонски весник за деца „Пионер“, а потоа бил главен уредник на повеќе книжевни списанија, како што се: списанието за деца „Титовче“, списанијата за литература и уметност „Нов ден“ и „Современост“, литературниот весник „Хоризонт“ и хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Во меѓувреме работел како уредник во издавачките куќи „Кочо Рацин“, „Наша книга“ и „Македонска книга“. Јаневски е автор на многуброjни книги за деца, патеписна проза, збирки раскази, романи и поезија. Неговиот роман "Селото зад седумте јасени" од 1952 е првиот роман објавен на македонски јазик. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги постави темелите на современата македонска книжевност. Во спомен на неговото дело, на 29.1.2010 во паркот „Жена-борец“ во Скопје бил откриен споменик на Јаневски, дело на академикот Томе Серафимовски. Јаневски оставил трага и во македонската кинематографија, како автор на неколку филмски сценарија: во 1967 година, тој ја адаптирал класичната историска драма на Војдан Чернодрински "Македонска крвава свадба", во режија на Трајче Попов; соработувал со Панде Ташковски на филмската адаптација на епскиот воен роман "Доследни на заветот", пренасловен во "Македонскиот дел од пеколот", во режија на Ватрослав Мимица; и ја адаптирал сопствената хуманистичка новела "Две Марии" за филмот со наслов "Јазол", во режија на Кирил Ценевски. Славко Јаневски e добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои се: „АВНОЈ“ (1968); „11 Октомври“; наградата на СВП „Браќа Миладиновци“; наградата на градот Скопје „13 Ноември“; „Кочо Рацин“; „Македонско слово“; наградата за книжевен опус на ИРО „Мисла“ и „Мирослав Крлежа“. Исто така, тој е добитник на две златни арени за сценарио на филмскиот фестивал во Пула, за филмовите „Волчја ноќ“ (1955) и "Македонскиот дел од пеколот" (1974). Во 1946 година, во Скопје, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески и Коле Чашуле го формирале Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело 7 члена. Потоа, Јаневски бил и претседател на Друштвото. Исто така, тој бил член на Македонскиот ПЕН центар, претседател на Советот на СВП, како и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година. Со објавените 15 романи, 11 книги поезија, 6 книги раскази, 8 книги за деца и голем број препеви, есеи и полемики, Славко Јаневски е можеби најплодниот писател во современата македонска литература, чии дела се преведени на многу јазици. Неговото творештво ги опфаќа следниве дела: Крвава низа (поезија, 1945) Пруга на младоста (со Ацо Шопов, поезија, 1946) Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки (поезија за деца, 1946) Распеани букви (поезија за деца, 1946) Милиони маченици (поема за деца, 1948) Егејска барутна бајка (поезија, 1949) Песни (1950) Улица (повест, 1950) Лирика (1951) Село зад седумте јасени (роман, 1952) Шеќерна приказна (сказна за деца, 1952) Кловнови и луѓе (раскази, 1956) Две Марии (роман, 1956) Леб и камен (поезија, 1957) Месечар (роман, 1959) Сенката на Карамба Барамба (поезија за деца, 1959) Марсовци и глувци (поезија за деца, 1959) Горчливи легенди (патописна проза, 1962) И бол и бес (роман, 1964) Стебла (роман, нова верзија на „Село зад седумте јасени“, 1965) Евангелие по Итар Пејо (поезија, 1966) Црни и жолти (поезија за деца, 1967) Каинавелија (поезија, 1968) Тврдоглави (роман, 1970) Омарнини (раскази, 1972) Ковчег (раскази, 1976) Оковано јаболко (поезија, 1978) Астропеус (поезија, 1979) Змејови за игра (поезија, 1983) Миракули на грозомората: Легионите на Свети Адонис, Кучешко распетие и Чекајќи чума (трилогија, 1984) Девет Керубинови векови (роман, 1987) Глуви команди (поетски избор, 1988) Песји шуми (поезија, 1988) Чудотворци (роман, 1988) Рулет со седум бројки (р
Одлично мало книжуле со поезија. Децата треба да ја обработуваат како лектира за шесто одделение. Не сум сигурна колку наставничките им објаснуваат зошто е настаната оваа книга. „Црни и жолти“ - на кого се однесува насловот? Кога е напишана книгата и зошто имало потреба од таква тематика. Игрите со зборови (доста од нив нечитливи) е таква вежба за македонскиот јазик, што мислам со секое читање по една нова виуга во мозокот се развива! Само еден пример: една од песните се вика - „Абавагула и Дорефасула“ :) тоа се имиња на два измислени града...