Автобиографска книга од Игор Џамбазов за проблемите, згодите и незгодите кои што ги имал во својот живот благодарение на алкохолот. Во оваа книга кажува за сите проблеми кои што му ги “приредил” алкохолот како социјални така и здравствени. Преку своите примери и примерите на оние кои што секојдневно биле околу него раскажува интересни случки (за читателот, можеби тогаш интересни и за него, но не и подоцна). Раскажува како двапати се обидува да го откаже алкохолот, еднаш оди во Бардовци на лечење, секакви случки од таму, еднаш за Нова година оди да пазарува, а се враќа дома дури за Стара Нова година, како за 3 дена испил 6 литри домашна ракија + непознат број коњаци, како се разведува, како... Толку од мене за случките, Ваше е да ја прочитате. ;) Секако не е забрането да се пие во дозволени количини, ама кога ќе се претера тогаш е лошото.
Оваа книга е наменета за сите читатели, да се запознаат што се во животот може да им донесе алкохолот. Пожелна е за оние кои што не пијат алкохол, да видат низ што се поминува еден алкохолочар. Пожелна е за жени затоа што Игор Џамбазов со една реченица добро објаснува дека двете најлоши работи на свет се топло пиво и пијана жена. И секако најпожелна е за оние кои што обожаваат да пијат алкохол ама под услов да ја читаат на трезно! :)
Добра книга со многу поуки, од мене има оценка 4 затоа што не е пишувана во мој стил, инаку вреди да се прочита. Има многу што да се научи од неа.