Книгата содржи четиринаесет раскази кои се однесуваат на вистински настани и вклучуваат вистински личности од македонскиот театар и филм – Петре Прличко, Тодор Николовски, Ристо Шишков, Бранко Гапо, Дарко Дамески, Ацо Алексов, Ненад Стојановски, Димитар Христов, Душко Костовски, Илија Милчин, Андреј Бељан, Марија Исаја, Борче Ангеловски… Секој расказ е проследен со фотографија на главниот лик направена од авторот на книгата Владимир Плавевски кој со личностите од расказите настапува и како доктор и како фотограф и како сценарист.