Една од многуте книги низ кои е претставена македонската судбина - крвава и мачна низ многу векови поради окупаторското ропство. Книга која мора да ја прочита секој македонец и секоја македонка. 🇲🇰❤🇲🇰👌🇲🇰
Класика во македонската литература! Војдан Чернодрински, основоположник на македонската драма, постави темел за понатамошните македонисти со ПРВАТА македонска драма која се изведувала на македонски јазик во дваесеттиот век.
Еден ден на една од нивите на Осман-бег Цвета и овчарот Спасе се заљубуваат еден во друг. Но, Осман-бег заедно со неговите слуги ја грабнуваат неа затоа што тој фрлил мерак на неа. Мајка и и татко и трчаат дома кај дедо Кузман баба Кузманица да им кажат што се случило. Таму затекнуваат турчин кој се гости кај нив и кој требало и да преспие кај нив бидејќи така било наредено. Цвета се буди во една соба со решетки на имотот на Осман- бег и тажи по нејзиното семејство. Таму тој ја убедуваа таа да се потурчи, иако таа тоа најжестоко го одбива. Потурчените Крата и Петканс исто така се обидуваат да ја натераат да се потурчи и исламизира, но таа тоа го одбива и вели дека побрзо би била мртва отколку „ТУРКИНА”. Спасе и нејзиниот брат го пријавуваат Осман- бег кај заптиите и доаѓаат кај него да ја бараат Цвета. Но, Осман- бег ја сокрива Цвета. Подоцна, тие се жалат и на валијата. Тој како врховен судија, ги изведува Осман- бег, Цвета, Спасе, нејзиниот брат пред него. Цвета е донесена со фереџе на себе. Дозволено и е на мајка и на Цвета ја открие и да ја види, но само таа. Цвета е прашана дали таа е присилно грабната од Осман- бег и мора да одговори дека така било. Но, Архиерејскиот намесник и сугерира на Цвета да го искаже својот став слободно. Таа конечно кажува дека е присилно грабната. Веднаш потоа сите христијани бегаат од судницата. Во последниот чин е прикажана свадбата на Цвета и Спасе. Додека се пеат песни, се слушаат неколку истрели од Осман-бег и дружината. Дуко, брат и на Цвета пука кон еден од Турците, но Осман-бег го убива него. Потоа Осман-бег и Расим ја извлекуваат Цвета од куќата. Осман-бег пука во Спасе но не го погодува. Цвета ја вади камата од појасот на Осман-бег и му ја забива во градите. Шефкија потоа ја застрелување Цвета, а Спасе го убива него со кама. Мајка и на Цвета, Благуна паѓа на колена пред Цвета и офка, а Цвета на умирање ги изустува зборовите: „Умрев, а-м-а... Т-у-р-к-и-н-а н-е с-т-а-н-а-в!”
This entire review has been hidden because of spoilers.