Добитник на наградата „Новите!“ за 2010 од издавачката куќа Темплум.
Книгата е составена од повеќе од шеесетина кратки раскази. Според издавачот, станува збор за духовита, динамична и младешка проза, која својата енергија и привлечност ги црпи од неколку нивоа.
Во книгата може да се прочитаат автореференцијални поигрувања, користење црн хумор, но и сериозен дијалог со одредени книжевни модели и жанрови.
Иван Шопов е роден на 25 јули 1987 година во Скопје, каде завршува основно и средно училиште. Моментално е апсолвент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Објавувал раскази и песни во списанија на македонски, српски, словенечки и германски јазик. Во 2010 година за книгата раскази „Азбука и залутани записи” издавачката куќа Темплум му ја доделува наградата „Новите!” за најдобра дебитантска прозна книга. „Меше на годината” е негова втора книга.