Ката Мисиркова–Руменова (Постол, Егејска Македонија, 14 септември 1930 - Скопје, Македонија, 22 ноември 2012) била македонски раскажувач, романсиер, поет и драмски писател. Родена е на 14 септември 1930 година во с. Постол, Ениџе Вардар, Егејска Македонија. Работниот век го завршила како библиотекар. Член била на ДПМ од 1966 година.
Ката Мисиркова-Руменова е внука на Крсте Мисирков. Починала на 82 годишна возраст во Скопје.