Чингова Пасквелија е имагинарна, иссонувана област некаде на југ од Македонија, покрај езерата, но исто толку вистинска, постојана област во која некои села, веројатно, би можеле да се препознаат. И сѐ дурго во оваа збирка раскази е во границата меѓу големите легенди меѓу вистинските настани... Во тоа јужно село Пасквел доаѓа рецолуцијата, но во него едновремено живеат и преданијата за второто пришествие и за чудата на светителите; паралелно тука се одвива колективизацијата и доаѓа Потоп; како во некои средновековни летописи се шири чума и се одвиваат катаклизми додека народниот комесар Тацко ја дела својата правда и држи говори за слободата. Чинго со мајстворство на народен раскажувач ги меша времињата, сегашноста и минатото, за да докаже дека сето тоа што постоело до вчера во нас не е завршено и исчезнато преку ноќ. (Од издавачот)
Živko Čingo (1935 – 1987) was a Macedonian writer, born in Velgosti, near Ohrid, Kingdom of Yugoslavia. He studied literature at the University of Sts Cyril and Methodius in Skopje and later worked as a journalist. He was part of the wave of new, non traditional writers to emerge on the Macedonian literary scene in the post-World War II period. ______ Раскажувач, романсиер, драмски писател. Роден е на 13 август 1935 година во с. Велгошти, Охридско. Почилнал на 11 август 1987 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Извесно време работел како професор во гимназијата во Охрид, а по доаѓањето во Скопје во „Студентски збор“, „Млад борец, РТС, во Центарот за политички студии, Републичкиот комитет за култура како и советник во Министерството за култура во Скопје. Бил директор на Македонскиот народен театар во Скопје. Член на ДПМ од 1963 година.
Автор е на книгите: Пасквелија (раскази, 1961), Семејството Огулиновци (раскази, 1965), Нова Пасквелија (раскази, 1965), Сребрени снегови (роман за деца, 1966), Пожар (раскази, 1970), Големата вода (роман, 1971), Образов (драма, 1973), Ѕидот, водата (драма, 1976), Вљубениот дух (раскази, 1976), Кенгурски скок (драма, 1979), Макавејските празници (драма, 1982), Накусо (раскази, 1984), Гроб за душата (раскази, 1989), Бабаџин (роман, 1989), Бунило (раскази, 1989).
Добитник е на наградите: „Рациново признание“, „11 Октомври“, „1 Мај“ и „Стерино позорје“.