Романот „Крпен живот“ е битово-социјален и семеен. Настаните се подредени по хронолошки ред (роман-река). Во него детално се опишани ентериерот и екстериерот на селото Витолиште, а опфатен е периодот од крајот на XIX и почетокот на XX век (Илинденското востание, Првата и Втората балканска војна и Првата светска војна). Раскажувањето е во трето лице од сезнаечки и сеприсутен наратор. Темата на романот е животот на семејството Сукаловци од мариовското село Витолиште, а идејата е да се даде целосна слика на животот (обичаите, јазикот, фолклорот) во мариовските села при крајот на XIX и почетокот на XX век. Романот претставува жива енциклопедија на животот и луѓето од Мариово и изобилува со етнографски и фолклорни обележја, детално опишани и оживеани преку ликовите, односно преку семејството Сукаловци.
Стале Попов (25 мај 1902 - 10 март 1965) бил македонски раскажувач и романсиер. Роден е во селото Мелница, Мариово. Произлегува од селска средина. Неговите стари, по традиција, биле земјоделци, но меѓу нив имало и школувани. Уште како дете бил сведок на тешкиот живот на своите соселани, кои живееле ропски живот под турските аги и бегови како обесправена раја. Неговите биле малку поимотни и културно поиздигнати, зашто од нив имало и свештеници. Основно образование завршил во с. Витолиште (Мариовско). Започнал да учи гимназија во Прилеп, а завршил богословија во Битола и Теолошки факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не се запопил, а пред Втората светска војна работел како земјоделец, дрвар, овчар, трговец, бакал, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар, тутунски работник. Во текот на НОБ го помагал партизанското движење, додека за време на бугарската окупација на Македонија бил интерниран во Неврокопско (Бугарија). По ослободувањето на земјата Стале Попов станува претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, потоа работи како управник на Шумската дирекција, за на крај, се до пензионирањето, да и се посвети на педагошката дејност како професор по македонски јазик во Прилеп и Скопје. Починал во Скопје на 10 март 1965 година. Стале Попов започнал многу рано да пишува, но како писател се оформил непосредно по ослободувањето. Првите раскази "Мице Касапче" и "Петре Андов" ги објавил во списанието "Современост". Вистинска литературна афирмација доживеал со својот прв роман "Крпен живот" (1953). Веднаш потоа напишал цела серија свои дела и станал еден од најплодните романсиери и раскажувачи на нашата македонска литература. Следната година го издал вториот дел од "Крпен живот", како и "Опасна печалба" (1954). Две години подоцна го објавил романот "Толе Паша", а потоа и "Калеш Анѓа" (1958), "Дилбер Стана" (1958), "Мариовскиот панаѓур" (1961), "Мариовски раскази" и "Итар Пејо" (раскази). Во ракопис оставил богато литературно наследство од необјавена проза (раскази и романи). "Шаќир војвода" (роман), "Необично дете" (роман), "Доктор Орешкоски" (роман) и две збирки раскази.
I read this book few times and for me it is the best one from all Stale Popov's novels. The characters are very well portrayed and he depicts the Macedonian way of life (customs, language, folklore) in the Mariovo villages in the late XIX and early XX century. The novel is a living encyclopedia of life and people in Mariovo and rich with folklore and ethnographic characteristics, detailed and brought to life through the characters or through family Sukalovci. I liked Dosta very much and her progressive ideas (at that time) sending her daughter Neshka to school despite being rediculed by the villagers. Must read for all that want to know our history and customs in more details.