Снежана Младеновска-Анѓелков е родена 1977 година во Скопје. Дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година, а со звањето “Магистер по уметности – област филмска и ТВ монтажа” се стекнува во 2012 година. Има долгогодишно работно искуство на телевизиска монтажа и креативно обликувала преку 500 документарни филмови, репортажи, патеписи…
Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ ја добива наградата „Роман на годината“ на Утрински весник za 2011 година, со што таа стана првиот дебитант кој се закити со оваа најважна прозна награда во Македонија. Книгата во 2012 година доживеа и второ издание, а во 2016 и трето.
Во 2014 година ја објавува и книгата “Слики со животна уверливост”, теориски труд кој не само што го објаснува процесот на филмската монтажа како важен творечки сегмент во аудиовизуелното обликување на документарниот филм преку анализа на делата на Владимир Блажевски, туку се обидува да укаже и на важноста и нужноста од авторски документарни филмови во Македонија.
Кога оваа малечка збирка раскази успеала да добие награда за најдобар роман (?!) се прашувам - какви ли била останатата книжевна продукција таа година? Тука се работи за 11 кратки текстови, секој од нив насловен со името на некоја жена од детството на авторката, сите сосетки во две соседни згради во Маџир маало во 80-тите. Единствено нешто што ги спојува овие жени се двата главни лика: неименуваниот наратор и нејзината пријателка, Галичанката, која е тринаесеттиот женски лик во текстот и како таков уште рано во истиот се наѕира нејзината судбина која иако на крај премолчена, читателот не може а да не ја претпостави. А она, пак, што овие 11 текста (за 11 жени) го прави ова четиво новела, ако не и роман, иако тоа е навистина дискутабилно, е нараторката чија приказна во позадина на оние други 11, ја прави книгава една "coming of age" новела.
Читливо, по малку интересно, но далеку од впечатливо.
4.5 Одличен несекојдневен и храбар краток роман преку опис на девет влијателни жени, девет етапи на созревањето на две девојчиња - протагонистки. Сето тоа зачинето со доза носталгија на периодот пред распадот на СФРЈ. Топла препорака.