Книгата е откритие за мене. Еден невообичаен формат, но инспиративен и навлекувачки. Писма меѓу писателот и негова читателка од Франција. Читателот постојано сака да дознае што едниот одговорил на другиот, откако го прочитал писмото. Но, не оди така лесно читањето. Интелектуалното ниво на изразување е многу високо. Разговорите се водат за трите дела кои Елен Лејбовиц ги прочитала од Луан Старова, а биле преведени на француски јазик. Иако ги немам прочитано неговите дела, сепак, книгата е толку делтална, што се разбираат дискусиите. Ако сакате да дознете нешто повеќе за уметноста на преведувањето од еден на друг јазик, има неколку писма кои даваат високоинтелектуален одговор. Восхитува животот на писателот, но и поривот кој го тера да пишува. Едноставно восхитувачки!