Постмодернистички опит да се раскаже приказната за големиот балкански јунак од петнаесеттиот век, Георгија Кастриот-Скендербеј низ судбините на десетици ликови од наше време. Стилски извонредно, Михајловски низ својот препознатлив прозен говор, ги претставува резултатите од своите долгогодишни истражувања на животот и делото на Скендербеј. Награда „Стале Попов“ за 2006 година... Од расказ во расказ, или од глава во глава, ликот на Скендербеј, иако не непосредно, полека, внимателно и со многу чувство за имање мерка се ваја пред читателот со сите негови достојности, квалитети, погледи на свет, јуначки дела за на крајот, да се премине, преку обемната библиографија, во, речиси, научно документирање и толкување на другите дела напишани на англиски и македонски јазик за овој достоинственик што блеснал на темното балканско небо и се наредил меѓу ѕвездите. Извонредно историско и современо дело, истовремено.