Jump to ratings and reviews
Rate this book

Неродениот и човекот кој не умре #1

Сонцето под земја, кралството над него

Rate this book
Длабоко под земја лежи второто сонце, елша. Елшата е магична материја која со векови ги хранела Сончевите кралеви, давајќи им натприродна сила. Но не повеќе. Некои не ни веруваат дека некогаш тоа било вистина.

Сега поважно е пророштвото – пророштвото кое вели дека Сончевото кралство ќе згасне засекогаш. Неизбежноста на судбината ја засенува кралската фамилија. Затоа, принц Марко, Токиј Токмакот – џинот кој не е џин, Неда – главата на Зраците, и Ѕвездан – oвчарот од Поток, мораат да го најдат Неродениот од жена, да го уништат пред тој да збрише сè.

Но, на Сончевото кралство му се закануваат и други опасности. Стариот крал е решен да ги сече врските со господарот од подземјето, а Копачите, на чело со командантот Драгор, сејат раздор и ерес по срцата на народот. Браќа и сестри ќе посегнат по зло од завист, кој со оружје, кој со магија – сите барајќи си го своето.

Херои не можат да постојат, не во оваа земја. Oваа земја плаче за крв, а сонцето под земја ќе го нахрани победникот – некој ќе го отруе, некој ќе го зацари.

352 pages, Paperback

Published January 1, 2023

2 people are currently reading
40 people want to read

About the author

Елена Бошбож

2 books6 followers
Елена Бошбож (31.10.1996) е писател, магистриран професор по англиски јазик и книжевност. Посетува фантастични светови кога ќе ѝ здодее овој вистинскиот. Кога не е дел од воспитно-образовниот процес, е пред лаптоп или пред книга, смислувајќи понекогаш волшебни, понекогаш морничави приказни. Пишува и на македонски и на англиски. Нејзиниот прв краток расказ на англиски јазик е објавен во The Dark Corner Zine во 2020 година. Гостуваше и во поткастот Sublimely Gothic. Член е на Македонското научно друштво од 2022 година.

Elena Boshbozh (October 31, 1996) is a writer, master's degree professor of English language and literature. She visits fantasy worlds when she gets bored of the real one. When she is not part of the educational process, she is in front of a laptop or in front of a book, coming up with sometimes magical, sometimes creepy stories. She writes in both, Macedonian and English. Her first short story in English was published in The Dark Corner Zine in 2020. She was also a guest on the Sublimely Gothic podcast. She is a member of the Macedonian Scientific Society since 2022.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
40 (74%)
4 stars
9 (16%)
3 stars
3 (5%)
2 stars
2 (3%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 21 of 21 reviews
Profile Image for Елена.
290 reviews4 followers
Read
June 6, 2023
Моето книжевно првороденче, конечно блесна и во реалноста.

Тоа што недостига во описот погоре е фактот дека „Сонцето под земја, кралството над него" е епско-фантастичен серијал кој што е инспириран од македонска, грчка и словенска митологија. Исто така, влечи корени и од македонската историја, фолклор и легенди.

„Неродениот и човекот кој не умре" е книга 1, т.е. првиот дел од овој серијал.



Датум на издавање: 22.5.2023
Издавачка куќа: Антолог
Profile Image for Kiril Ангелов).
Author 2 books16 followers
November 24, 2025
Ова дело е маестрално, квалитетно, вечно.

Сите ја знаеме причината зошто J.R.R. Tolkien ја создал Middle-Earth. Поради тоа што верувал дека на Англија ѝ недостасуваат повеќе митолошки приказни. Елена го прави тоа со ова дело, со нејзиниот свет, со нејзините приказни. На Македонија ѝ подарува една цела ризница.

Стилот ѝ е неизмерно богат, мелодичен, поетичен, прекрасен, што на моменти како да забораваш каде си па маѓепсано те води во светот на елшата. Некои реченици од што беа толку убаво срочени морав да ги препрочитам повеќе пати. А и со делото ќе биде така. Прво ме освои со стилот, потоа со ликовите и на крај со приказната. Прекрасно единство.

Како што пишав погоре, Елена ни дава нешто кое недостасува на Македонија. Ни отвора нови врати на фантастичното кое нѐ вовлекуваат. Во овој прв дел омилени ликови ми беа Sвездан, Токиј, Каландра и Илина; чекајќи со нетрпение да прочитам што се случува со нив. Плашејќи се за нив, а во исто време и чувствувајќи возбуда и неизвесност.

Толку е квалитетно ова дело што посакувам да може да го прочита цел свет. Ја обогатува веќе богатата словенска и грчка митологија, ни дава нови перспективи, нови агли од кои можеме да го гледаме тоа што сме го наслушнале или знаеме. Со приказните кои нѐ израснале, кои биле со нас како деца, со кои сме се тешеле и заспивале.

Елена дефинитивно е во моите топ 5 автори на фантазија и посебно сум радосен што е од Македонија. Едвај чекам да се нурнам во вториот дел.
Елена, ти се поклонувам и посакувам непресушен извор на инспирација која ќе ни ја даваш преку овој или некој друг серијал или дела.

Моја топла препорака.
Profile Image for Igor Neox.
316 reviews21 followers
December 12, 2023
Книгата е прва од планираниот серијал (не знам колку би биле вкупно) и е сместена на “наше” поднебје во некое друго време; како што е опишана од самата авторка, инспирирана е од македонската, словенската и грчката митологија, а се искористени и елементи од нашиот богат фолклор и легенди. Сите тие се совршено вклопени во приказната и задоволство е (конечно) да можеме да се пофалиме со книга од жанрот на епската фантазија, а да читаме (старо)македонски имиња на ликовите и местата, наместо да читаме “Game of Thrones”, на пример (ова е само моја споредба за полесно опишување, инаку воопшто не е “украдено” од тој серијал).

Приказната е константно возбудлива, сцените (поглавјата) се менуваат цело време од гледна точка на различен лик, што придонесува за динамиката на читање и неможноста да се паузира; како на филм кога се менува сцена “во најинтересното” па со нетрпение се чека следното навраќање на истата. Идејата за Сонцето под земја посебно ми се допадна, а и воопшто целата митологија со сите “мрачни и светли” моменти. Не би откривал повеќе детали од содржината, доволно е да се знае дека има кралство каде постои пророштво кое почнува да станува вистина, па секој според своите верувања или желби се обидува или да го спречи или да помогне во неговото остварување. Магија, љубов, пријателство, верност, предавства, храброст наспроти кукавучлук, стандардната борба помеѓу доброто и злото, нема нешто што недостига во целата приказна, освен ВТОРАТА КНИГА, за која засега не е најавено кога би била издадена 😄👑

Пред неколку дена ја прочитав најдобрата (научно-фантастична) книга од македонски автор, сега можам слободно да кажам дека ова е најдобрата книга-ФАНТАЗИЈА од македонски автор 🙌🏻 И овој жанр е прилично редок кај нас, но за среќа пополека се појавуваат сѐ повеќе вакви и слични дела…
Мислам дека е време да се сними и првиот епско-фантастичен македонски филм, некој нека го контактира Вардан Тозија, на пример✨
Profile Image for Мери Арсова.
Author 2 books41 followers
September 17, 2025
Елена многу ме интересира инспирацијата зад романот! Како освежување на нашата книжевна сцена. Не сум прочитала многу фантазии (општо) но од тоа што го имам прочитано твојата приказна навистина е различна и оригинална. Името на романот е ептен привлечно, како прво, второ карактерите ми беа супер опишани (Ѕвездан ми е омилен) и некои изненадија, а местото каде се одвива дејството ми беше многу интересно и се надевам дека ќе има повеќе описи за него во наредните книги (исто и сите адети, празнувања и сл.).
Ти посакувам многу успех и набрзо го набавувам и вториот дел.
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
58 reviews4 followers
August 21, 2025
Во современата македонска книжевност, според мене, се појави Ремек-дело што го воздигнува жанрот на епска фантазија до височини достојни на светската книжевна сцена. Ова дело е како Елшата-сонце што гори под земјата, тајна сила што ги храни кралевите и ги поврзува луѓето во еден универзален мит. Елшата станува симбол на духовна и културната сила, срцето на еден нов митолошки свет кој пулсира со живот.

Оваа книга е Елшата на македонската епска фантазија, мост помеѓу митот и реалноста, помеѓу македонското и светското. Ако Толкин ги создаде Арда и Средната Земја, тогаш Елена ја засади Елшата во темелот на нашиот македонски книжевен универзум, не како украс, туку како жив организам, длабоко вкоренет во јазикот и културата.

Елена изградила универзум каде македонските, грчките и словенските митови се спојуваат во еден хармоничен и жив космос. Со исклучителна мајсторија на зборот, таа го ткае јазикот како древна река полна со мудрост, поезија и митска сила. Тоа е рамнотежата меѓу познатото и таинственото, меѓу јавето и сонот, што нè нурнува во свет исполнет со архетипски ликови, многу прашања и вечни теми.

Ликовите не се само ликови. Тие се сенки на нашите предци што оживуваат преку здивот на фантазијата. Нивните судбини не се само приказни туку потсетници на изборите што ги носиме, на бремето на слободата и на потребата да бидеме дел од нешто поголемо од нас самите.

А јазикот во книгата не е само средство за раскажување, туку алхемија и алатка на боговите. Речениците течат како реки низ планински клисури, сурови, моќни, но и величествени. Читателот не чита туку лета, нурнува, тоне и повторно се издигнува и тоа прочистен, променет и трогнат до сржта.

Ова дело не е само почеток, туку е и извор на пулсирачка Елша на македонската епска фантазија, од која ќе растат нови митови, нови гласови, нови светови. Светлина што ќе свети низ генерации.

Елена си сошила приказна која на момети од убавината на исткаени зборови те кине, те пара, и на крај пак те шие за да можеш одма вториот дел да го почнеш.
Прекрасна книга.
Со нетрпение ќе го чекам третиот дел
Profile Image for Кире Мастерс.
45 reviews2 followers
January 12, 2025
Тешко ми е да поверувам дека конечно добивме македонска авторка која пишува фантазија. И тоа квалитетна.

Не знам што најмногу ми се допадна. Лесниот стил на пишување? Тонот на секое поглавје кој е различен во зависност од чија перспектива се раскажува дејствието? Креативноста за имињата на карактерите или топонимите на светот во кој се одвива дејствието? Самата приказна? Дијалозите/монолозите? Тешко е да издвојам било што.

Со нетрпение го чекам продолжението на оваа фантастична приказна.
Profile Image for Зоран Милошевски.
Author 6 books38 followers
April 23, 2025
Ми беше предочена како фолклорна фантастика, но повеќе ја доживеав како средина помеѓу стиловите на ЏВ Џонс (малку помалку длабоко) и Аберкромби (помалку хумор), што со други зборови, значи дека сега си имаме и автор од нивни ков, што е за поздрав.
Одлично осмислена и разработена приказна, со мноштво ликови, сите до еден разработени и секој си го знае местото. Живо ме интересира како ќе понатаму ќе се одвиваат работите.
Во секој случај, генијално сработено, одамна не бев уживал во добра епска фантастика.

23.4.2025. Второто читање. Втор пат одлична.
Profile Image for Books_vsmovies.
16 reviews3 followers
February 24, 2024
Премногу сум изненадена (позитивно) од книгата. Иако фантазија не е мојот најомилен жанр сепак сметам дека ова е напишано мајсторски.
Ми се допадна буквално се'! Почнувајќи од корицата која е феноменална, ликовите кои се интригантни, специфични и автентични. Авторката користи и македонски имиња кои и даваат на книгата дополнителен шмек.
Ми се допадна и тоа што приказната е прикажана од неколку видувања на различни ликови.
Дефинитивно е задолжително четиво на сите љубители на фантазија.
Сигурна сум дека во вториот дел ќе ни се разјаснат многу прашања кои ни останаа неразјаснети.
А најголеми пофалби до младата авторка Елена Бошбож која е меѓу ретките женски македонски автори на овој жанр, посебно на епската фантазија, која на магичен начин не внесе во нејзината прва книга ,,Сонцето под земја, кралството над него".
Profile Image for Anchi.
412 reviews93 followers
December 3, 2023
Без возбудена да ја прочитам книгава, со оглед на тоа што фантазија ко жанр е стран поим во македонската литература. Па, конкретно за книгава, мислењето ми е поделено бидејќи имаше работи кои ми се допаднаа, но и такви кои не ми беа по вкус.

Интересна замисла пред сѐ, но целокупно, ми фалеше поголема кохезија, како идеите што ги имала авторката да не знаела точно како да ги поврзе и убаво да ги истакне на хартија. Ќе беше поинакво доживувањето да преовладуваше повеќе акција наспроти монолози и описи. Првите 50-100 страни беа супер, не сакав да ја оставам книгата. За жал, моментот кој требаше да прерасне во кулминација, да биде најинтригантен, го немаше. Почнаа, како што кажав, да преовладуваат монолозите на ликовите и дијалозите кои, искрено, ѝ беа најслаба точка на книгава. Ликовите се однесуваа и зборуваа на чуден и несоодветен начин. Некои од нив имаа интересни имиња, но други имаа такви кои не ми се вклопуваа со претходните и општо со книгата. На пример, Каландар, Пела, Аминта наспроти Жаре, Миле, Стојан.. Забележав употреба на дијалектизми, ништо против, само не знам дали е тоа намерно или пропуст при лектура. Забележав и понекои правописни грешки и чудно структурирани реченици.

Сѐ на сѐ, не можам да кажам дека беше лоша книгава, но за вториот дел имам повисоки очекувања. Подобри, поприродни и неисцепкани дијалози; добар развој на ликовите; повеќе акција - помалку описи би го зајакнале потенцијалот на серијалов.
Profile Image for Jᴀɴᴀ.
299 reviews25 followers
June 7, 2024
Одвај чекав да ја прочитам, не само заради тоа што го познавам авторот, туку и заради тоа што колку што знам, книгава е првенче на својот жанр, напишана на македонски јазик од македонски писател. Затоа и не ме изненади изобилството на македонски имиња и топоними, дури и беше добредојдено. А како некој што добро ја познава и домашната историја и митологија но и странската, не ми избегаа ниту симболиките позади имињата на ликовите ниту нивните улоги. Приказната е поврзана со сонцето, најсветиот симбол не само на македонскиот народ туку и на куп митологии низ историјата, и ако имаш читано доволно фантазија, нема да ти биде ништо ново тематиката на митолошки кралеви, граѓански војни, буни, подземни царства, необични суштества, маѓии и ликови со неоткриени моќи и божества за кои ништо точно не се знае. Иако не ми беше ништо ново или "groundbreaking", сепак приказната ме повлече како под вода и не можев а да не се сочуствувам со доживувањата на сите ликови. Се гледа дека се крие уште многу богатсво на зборови под првичниот слој на прашина, и сигурна сум дека вториот дел ќе биде уште подобар и некои недоследности во текстот и благи грешки кои моето истренирано око не може а да не ги забележи, ќе бидат надминати, а ликовите и нивните судбини уште повеќе разработени. Затоа и давам 4/5 ѕвезди, со надеж дека следната книга ќе заблеска уште посилно, уште посјајно.
Profile Image for Stefani.
1,496 reviews56 followers
February 24, 2024
Ми беше доста чудно што читам фантастика на македонски. Или се навистина ретки или досега не ме заинтересирале.

Солидна прва книга, се надевам наскоро ќе биде објавено и продолжението.

Омилени ми се ликовите (иако некои од нив се чинат непотребни), светот е првично конфузен, но се разјаснува како што се движи дејството (мошне брзо). Ми се допадна што ликовите имаат македонски имиња.

Идејата е одлична, но некои нишки од приказната како да лебдат во воздух или се само набрзина спомнати. Очекувам да се разјаснат некои работи понатаму.

Сметам дека книгава ќе наидеше на мошне поголема публика на англиски, има доста потенцијал. Истовремено и ме радува што млада авторка се пробива во овој жанр кај нас.

Со нетрпение ќе ја очекувам следната книга.
Profile Image for Iskra.
43 reviews5 followers
December 31, 2023
Многу ми е мило што најдов книга во жанрот фантазија напишана на македонски јазик, и книгата не разочара. Многу елементи ми се допаднаа: приказната, ликовите, фантастичниот свет и елементи како елшата, имињата на ликовите и моменти како разговорот на затрчаниот Ѕвездан со бабичката. Книгата е така напишана да сакаш постојано да дознаеш повеќе. Има многу ликови и сите се уникатни и добро искарактеризирани. Нешто што ме "вадеше" од приказната на моменти читајќи се чувствував како да читам превод од англиски, заради начинот на кој се формулирани некои реченици или фрази, особено во дијалогот. Се на сѐ уникатна и интересна приказна, нетрпеливо чекам нејзино продолжување.
Profile Image for Sollie.
55 reviews
August 31, 2025
Македонски автори немам читано буквално со години затоа што ништо нивно не ми предизвикало да почувствувам потреба да го прочитам. Се дур не ми се појавија промоционални постови на Инстаграм за оваа книга. Го знаете оној момент кога чувствувате како некоја жица ви го влече и срцето и погледот кон нешто или некого? Епа, тоа го чувствував за „Сонцето под земја, кралството над него".
Се нурнав во книгава без никакви очекувања, дури ни описот никогаш не го немав читано детално, иако ја следам уште пред да се пушти во продажба, затоа што не сакав да си откријам нешто пред време и не се каам воопшто за таа одлука. До самиот крај не знаев што ќе се случи, а се случи се што можеше да се случи!
Каков PLOT TWIST се случи на крајов од книгава, мајко! Имам каша во главава веќе неколку дена од се што прочитав во последните 50тина страни. Запрепастена сум во секоја позитивна смисла! Одлично склопен свет (фала ти, Елена за мапата), повеќе POVs, диверзитет на ликови, непрекинат тек на дејствата, политички заплети, интриги, магија, елементи на македонски и грчки митови и легенди. Книга која брзо се чита и лесно се следи.
10/10 препорачувам.
Едвај ја чекам втората книга сега!
Profile Image for Olivera S.S..
20 reviews2 followers
February 9, 2025
Одлична книга! Интересни ликови, различни перспективи, и многу уникатен и волшебен(во секоја смисла на зборот) свет. Со нетрпение ја чекам следната книга во серијалот :)
Profile Image for Jana Misho.
Author 8 books56 followers
October 20, 2023
освежување е да се прочита епска фантастика инспирирана од наша историја и митологија. уникатно дело, внимателно изграден свет, талент за градење ликови, едвај чекам втор дел, уживав.
Profile Image for Marija M..
41 reviews1 follower
June 2, 2024
Прекрасно беше да се чита епска фантазија на македонски, не само што се ретки туку и како воопшто да ги нема. Сончевото кралство беше магично, а ликовите уникатни и интересни. Елена мајсторски ја исткаја приказната и ја заврши баш на најинтересниот дел :) Со нетрпение го очекувам следниот дел од серијалот каде што верувам ќе се доразработат ликовите и ќе имаме повеќе возбудливи случки во кои што ќе уживаме.
Profile Image for Маша Тодевска.
Author 1 book8 followers
January 15, 2024
Ок. Како да започнам?
Прво, имаме епска фантазија од македонска авторка. Романот е прилично оригинален, особено кога станува збор за содржината. „Сонцето под земја, кралството над него“ е содржаен роман, секоја страница е важна. Стилот на Елена е со помалку описи, а повеќе дијалог. Тоа не ми пречи. Фантастичните романи знаат да бидат многу досадни со опишување на каменот кој се наоѓал покрај патот. Стилот е јасен, разбирлив, лесно се следи дејството. Особено ми се допаѓа што секоја глава е именувана според ликот кој раскажува (односно POV).
Второ- ликовите. Ликовите се многубројни и тешко е да се каже кои се главни ликови, бидејќи сите имаат своја, клучна улога во дејството. Следиме поголем број на паралелни приказни вклучувајќи: Илина, Неда, Токиј и Марко, Ѕвездан, Вина, Давид и Аминта. Моите омилени ликови се Димитриј и Аминта. Димитриј беше опишан како храбар, разумен и цврст, вистински крал, способен монарх. Неговата смрт беше очекувана, но уживав во сцените кога беше тој присутен. Неговите мотиви ми беа сосема разбирливи и неговите постапки- правилни. Без разлика на тоа што Илина- најглупиот лик во целиот роман го уби (искрено додека читав постојано се прашував зошто имаме нејзин POV). Потоа, Аминта. Еден од покомплексните ликови во романот, уживав додека ги читав неговите глави. Покрај неговиот кукавичлок и недостиг на морални вредности, тој е еден од најинтересните, уметнички лик. Она што би можела да го наречам „лик со повеќе бои, повеќеслоен лик“. Ѕвездан, Марко и Токиј се ликови кои се уште треба да се развиваат, веројатно многу ќе се сменат во наредните делови. Неда- лик кој го имаме сретнато, но малку нејзиниот карактер е „превртен“. Би можела да кажам дека овде Елена „си играла“ со стеротипичната хероина во американските филмови и направила една нова верзија- каде таа е заслепена од својата должност, каде е храбра, но сурова, несочувствителна и длабоко во себе- несреќна. Давид е уште еден мистериозен лик, еден вид на антагонист (но не сосема) кој е бескрајно лојален на водачот на Копачите, Драгор, чија крајна цел и намера се се уште непознати. Дали е тој херој или антагонст? Ат-Ад не очекував да се открие како Плухт, но не сум ни премногу изненадена. Не знаеме доволно за него.
Трето- содржината. Уживав во редот на настаните и на приказните кои се испреплетуваа една со друга и формираа две или три страни- Марко/Димитриј, Драгор и Ат- Ад иако не е сигурно дали Ат-Ад е со Марко или против нив.
Ова беа главните работи кои ми оставија впечаток. Го чекаме следниот дел.
This entire review has been hidden because of spoilers.
Profile Image for Penelope.
1 review4 followers
August 31, 2023
Никогаш не пишувам рецензии зашто не ме бидува, но оваа книга е исклучок!!!

Да почнам од очигледното, НАСЛОВНАТА. Најубавата корица што во последно ја имам видено за книга од македонски автор. Човече, апсолутно ме плени! Свака част Антолог, капа ви симнувам — други издавачи учете.

Сега па книгата, ах не верував дека ќе го дочекам овој ден, a Macedonian high fantasy series. Без скептична, нова авторка, итн. НО... Бошбож, девојко, ти овде створи магијааа. Апсолутната магија. Од приказна, до обработка на ликови, до организацијата на главите. Просто кажано, сѐ!!!

Оваа книга има длабоко македонско значење. Не е само така наивна, сѐ што е пишано е на место и едвај ќе го дочекам вториот дел.
Profile Image for Marija Pashovska.
14 reviews2 followers
August 22, 2024
Ја зедов за читање по препорака на ќерката која лично ја познава авторката и има високо мислење за неа како личност.Во почетокот книгава некако не ме повлече, но како читав понатаму ми беше се поинтересна. Уште на првите страни наидов на многу грешки кои продолжив да ги среќавам до крај, што во правопис што во погрешно употребени имиња на ликовите. Видливо е влијанието на митологии и поими од разни цивилизации. Најмногу ми сметаа испомешаните имиња, архаични со современи, некако Аминта со Жаре и Миле не ми одат заедно, барем мене. Содржината несекојдневна и добро осмислена. Уште подобро ќе беше веднаш да го имав продолжението. Се надевам за брзо ќе биде достапно за читање.
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books148 followers
November 28, 2023
Едно навистина уникатно, изворно доживување.

Читањето на оваа книга е се' она што фантазијата како жанр е, авантура и интриги, добро изграден свет, мистерија...
Тоа што ја прави посебна Сонцето под земја, е тоа што сопствената митологија ја гради на нашата, односно нашиот фолклор.
Ова можеби е првенче на Елена, но тоа нема да го почувствувате во начинот на кој пишува. Стилот е соодветен на приказната, со доволно дозирање на описи и дејство, добро изградени ликови каде секој ќе си има омилен.

Со нетрпение го чекам продолжението.
1 review
June 6, 2023
The author is quite a skilled and unique world builder. The story itself is very exciting and addictive to read. Great characters and character development. Had a lot of fun reading it and i am excited for the next part of the series to come out! Would definitely recommend.
Displaying 1 - 21 of 21 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.