Пффф...
Описот ветуваше нешто многу подобро.
Добра идеја, но потфрлено во реализација. Тотално рамнодушна кон приказната и ликовите, дури и за време на атентатот.
Крајот е нејасен. Политиката и позадината на настаните не се доволно јасни и добро прикажани. Веројатно ќе беше подобро ако книгава беше малку подолга.
Ќе дадев и пониска оцена да не беше фактот што се спомнува Македонија и Илинденското востание. Дејството се случува пред самиот распад на Отоманската империја (за мене лично многу интересен период).
Great idea, poor execution!