Jump to ratings and reviews
Rate this book

Бегалка

Rate this book
Дејството се случува во првата деценија на ХХ век во Куманово и ги претставува патријархалните и конзервативни односи во семејствата во тој период. Ја прикажува љубовта на убавата Ленче која била таксана за Досе, син на богат трговец. Но, таа била вљубена во младиот занаетчија Бошко. Тој бил убав и не и пречело што е сиромав. Бидејќи нејзиниот татко, Аџи-Трајко, се спротивставувал на нејзината желба, таа одлучила како бегалка да живее со Бошко. Таткото бил скршен, немоќен и чувствувал голем срам и бес затоа што бил погазен неговиот збор и токму поради тоа се плашел да и прости. Во тоа време бил голем срам, мома да се мажи на своја рака. Сепак, прочуениот чорбаџија Аџи-Трајко, за да ја одбрани честа на ќерка му и да го спаси семејството, по многу негодувања, на крајот морал да ја прифати љубовта на Ленче кон Бошко. Приказот на темата во пиесата преку градбата на драмското дејство со постојана испреплетеност на настани, кои се движат од комични кон трагични и обратно, овозможува таа да е актуелна и денес.

134 pages, Paperback

First published October 1, 1950

4 people are currently reading
54 people want to read

About the author

Васил Иљоски

7 books3 followers
Васил Иљоски (Крушево, Македонија, 20 декември 1902 - Скопје, Македонија, 1 ноември 1995) бил македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Васил Иљоски бил единствениот македонски писател кој цели пет децении останал ангажиран во областа на литературното македонско драмско творештво.
Роден е во Крушево на 20 декември 1902. Основното образование го завршил во градот Куманово. За тоа време тој му помагал на својот татко во нивната семејсна столарска работилница. И покрај тоа што тој работел како занаетчија во раните години од животот, Васил не станал занаетчија. Тој продолжил со своето образование и се запишал во кумановската гимназија и кога завршил средно училиште се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. По дипломирањето, Иљоски работел како суплент во Кимановската гимназија, но набрзо бил преместен - повеќе од казна - порадиизвесни обиди низ книжевните текстови да проговори на македонски јазик. По ослободувањето Васил Иљоски имал раководни фукнции во просветата, а се пензионирал како професор на Вишата педагошка академија во Скопје.
Починал во Скопје на 1 ноември 1995 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил професор на Педагошката академија во Скопје. Член на МАНУ. Член на ДПМ од 1947 година.

Автор на делата: Пиши, Панче (пиеска, 1947), Бегалка (пиеса, 1950), Чест (драма, 1953), Чорбаџи Теодос (комедија, 1962), Свадба (комедија, 1976). Интегрално неговото творештво е претставено во тритомниот Избор (1978) во кој се објавени: Бегалка, Чорбаџи Теодос, Чест, Кузман Капидан, (прв том), Млади синови, Окрвавен камен, 2 : 1, Допирни точки, Свадба (втор том), научни и есеистички трудови (трет том).

Добитник на наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, за книжевен опус на ИРО „Мисла“.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
71 (52%)
4 stars
32 (23%)
3 stars
23 (17%)
2 stars
6 (4%)
1 star
2 (1%)
Displaying 1 - 2 of 2 reviews
Displaying 1 - 2 of 2 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.