Васил Иљоски (Крушево, Македонија, 20 декември 1902 - Скопје, Македонија, 1 ноември 1995) бил македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Васил Иљоски бил единствениот македонски писател кој цели пет децении останал ангажиран во областа на литературното македонско драмско творештво. Роден е во Крушево на 20 декември 1902. Основното образование го завршил во градот Куманово. За тоа време тој му помагал на својот татко во нивната семејсна столарска работилница. И покрај тоа што тој работел како занаетчија во раните години од животот, Васил не станал занаетчија. Тој продолжил со своето образование и се запишал во кумановската гимназија и кога завршил средно училиште се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. По дипломирањето, Иљоски работел како суплент во Кимановската гимназија, но набрзо бил преместен - повеќе од казна - порадиизвесни обиди низ книжевните текстови да проговори на македонски јазик. По ослободувањето Васил Иљоски имал раководни фукнции во просветата, а се пензионирал како професор на Вишата педагошка академија во Скопје. Починал во Скопје на 1 ноември 1995 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил професор на Педагошката академија во Скопје. Член на МАНУ. Член на ДПМ од 1947 година.
Автор на делата: Пиши, Панче (пиеска, 1947), Бегалка (пиеса, 1950), Чест (драма, 1953), Чорбаџи Теодос (комедија, 1962), Свадба (комедија, 1976). Интегрално неговото творештво е претставено во тритомниот Избор (1978) во кој се објавени: Бегалка, Чорбаџи Теодос, Чест, Кузман Капидан, (прв том), Млади синови, Окрвавен камен, 2 : 1, Допирни точки, Свадба (втор том), научни и есеистички трудови (трет том).
Добитник на наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, за книжевен опус на ИРО „Мисла“.