Култното дело „Големата шума “ е неодминлива лектира за многу генерации македонски ученици. Според романот е снимена и возбудлива телевизиска серија која остави силни неизбришливи траги во духовниот простор во Република Македонија, ќе рече претседателот на ДПМ, Раде Силјан.
Видое Видичевски е поет, раскажувач, романсиер и драмски писател. Роден е на 8 јануари 1931 година во Охрид. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Член на ДПМ од 1959 година. Добитник е на наградите: „РТВ Скопје“ за најдобра книга за деца и на книгоиздателството „Детска радост“.
Творештво:
„Сини питоми утрини“ (поезија, 1959) „Бреговите се немирни“ (драма, 1963) „Балада за орканата“ (драма, 1964) „Големата шума“ (роман, I дел, 1970) „Малиот одред“ (тв-серија од 10 епизоди, 1977) „Големата шума“ (роман, 2 дела, 1986) „Вечерен пејзаж од градот“ (поезија, 1986) „Таинствени води“ (роман за деца, 1990) „Заробеници на вечерните игри“ (раскази, 1993) „Времето на црвените рози“ (роман, 1994) „Песни за потопот“ (поезија, 2000) „Приказни за Дамјана“ (раскази за деца, 2000) „Вие“ (стихозбирка, 2009) „Билје крај Езерото“ (избор поезија, 2013)
Некогашна лектира, сега исфрлена од програмата... Но, наставникот по македонски на мојата ќерка мисли поинаку и најверојатно од некои сентиментални причини им ја дал како лектира. Обично ги читам книгите кои ќерка ми ги има за лектира, а претходно не сум ги читала, најмногу поради фактот што сакам да и’ помогнам доколку има некој проблем во разбирањето на содржината или на некој дел, па затоа и оваа книга ја прочитав. Се обидував оценката што ја дадов да биде од некоја детска перспектива. Интересна приказна од крајот на втората светска војна, група на деца кои ги предводи Деви, некои идеализирани другарства од дамнешно време, хероизми кои во денешниве дни тешко некој да ги сфати... После прочитав дека е снимена и серија според романов, „Малиот одред“, и дури кога на youtube го видов видеото со најавата, а најмногу кога ја чув песната, се сетив дека серијата сум ја гледала, но малку се сеќавам на неа. Моите забелешки се на огромниот број правописни грешки, барем во ова издание кое го читав, нешто што во книга која е лектира не би требало никако да го има.