„Печалбари“ е најпознатата драма на македонскиот драматург Антон Панов. Тоа е дело во која ни се презентира љубовна приказна меѓу двајца млади (Констадин и Симка) кои се лудо влубени, но припаѓаат на различни сталежи, тој е сиромашен – а таа богата.
Јордан е богат трговец кој има една ќерка- Симка и еден син- Стојче. Еден ден, кај Јордан доаѓа стројник за Симка. Тоа е Стрико Кољо. Тој ја бара Симка за син му Јован. Јордан прифаќа, а за Симка бара 30 лири, појас и сребрен часовник. Стрико Кољо прифаќа. Но, Симка не го сака Јован, туку Костадин кој е син на вредната вдовица Божана, чиј маж починал на печалба. Јордан, не само што е трговец, туку е и лихвар. Кај него доаѓаат мнозина да земат заем со висока камата. Вечерта, Костадин со неговите другари го планираат грабнувањето на Симка. Заминуваат пред нејзината куќа. Таму таа зборува со Костадин, а тој сака да грабне. Јордан излегува и и дозволува на Симка да се мажи за Костадин само ако тој ја плати сумата наведена погоре. Тој вели дека пари не дава, но од голема љубов кон Симка, се согласува да оди на печалба во Белград за да го врати долгот, иако тој никогаш не сакал да биде печалбар. Заминува за Белград со другите печалбари, а таму работи во пекара. Но, таму и се разболува од туберкулоза. Пред самото враќање назад, тој умира. Пред тоа, испраќа писмо дома дека ќе си дојде пред Митровден. Во последниот чин, Симка, мајка му Божана и син му Коле го чекаат да се врати. Коле за прв пат треба да го види татко си. Печалбарите пеат песна, но кога наближуваат кон нивната куќа, прекинуваат. Симка и Божана се во паника. Доаѓа Зафир, најдобриот другар на Костадин и им ги предава парите и некои лични работи од Костадин. Тогаш, тој и потврдува на Божана дека Костадин умрел во последната, петта година во Белград.
This entire review has been hidden because of spoilers.