Едно од најубавите и можеби првото научно -фантастично четиво напишано на македонски јазик. Најверојатно и едно од делата кое беше пресудно да станам вљубеник на научната фантастика, а, подоцна и писател. Издадена во далечната 1959 година и збогатена со илустрации од Василие Поповиќ - Цицо. Иако е напишана пред речиси 60 години и веќе припаѓа на делата од „стариот ков“, иако, е дело наменето пред се за помладата читачка популација, сепак, после речиси 30 години повторно ми падна в раце и ја прочитав со истата сласт како и кога бев дете.