„Морбидизам“ е манифест на македонскиот фантастичен расказ, а неговиот автор е борец за литературата на имагинарното, истражувач во најтемните простори на човечкото постоење, смело откривајќи ги домените на натприродното, необјасливото, непознатото и забранетото знаење. Хорор преданија раскажани на македонски начин. Педесет кратки и смели литературни бодежи кои никој читател нема да го остават рамнодушен.
Крв до колена, лимфа до рамења- автентичен страв и ужас во најдобрата традиција на Lovecraft, Barker, King.
Морбидизам е како да земаш во раце огледало, искршено на педесетина парчиња каде во секој еден негов дел се одразува сегмент од реалноста на нашето постоење и потсвест.