Ја прочитав „Скарбо“ (новото издаение), во која е поместена и „Воден знак“. Одлични раскази и во двете. „Скарбо“ за нијанса подобар за мене. Иако, ни на „Воден знак“ не може да му се најде замерка. Куси раскази, до три странички, а толку моќни и човечни. Книгата изобилува со емоции, а особено со човештина. Речиси секој лик (различен во секој расказ) е со толкаво чувство за другите, за околината, што себеси се заборава, па во неколку раскази „спасот“ или задоволството го бара во соништата. Дел од расказите се сместени во Скопје, па писателката нѝ шета по Бит-пазар, по Каминот мост, ни ги опишува големите, вековни дрвја, а низ нив пулсира и дише секој жител на градот. Секој со своите мисли, ама тесно испреплетен со соедите, со рдотелите, со љубовниците. Многу мил и ненаметлив расказ кој трае, а истите недоумици и мачнотии се склупчени и во нашите души, години подоцна. Сите сме исти. Прочитајте ја книгата и најдете се во неа себеси!