Жинзифов раскажува како во една клета земја б'лгарска постои гратче со име Прилеп, каде некогаш Крал Марко царувал и го бранел народот од Турците до тоа што бил нивни вазал. Жинзифов им посочува на младите моми од неговото време дека во времето на Матко Турците и не биле така слободни, не влегувале во куќите и рисјаните и не барале да ги гостат со вино, кокошки, јагниња, ракија... Авторот почнува да им раскажува друга приказна на момите од неговото време... Во 1857 година, била јасна вечер во Прилеп. Времето убаво, а во дворот на црквата девојките полнеле вода во стомните. Непосредно блиску до нив седеле момчињата кои ги гледале момите. Во таа градина, и авторот или нараторот ја чекал својата љубена, но еднаш, имал неубав помин таму... Во градината на црквата, една баба седела и плачела. Донела големи солзи. Нараторот се чудел зошто била тука. Дали за арно или за лошо. Никој не ја прашувал. Бабата носела торба од козина. Седнал тој до бабата, и се чудел што прави таа во тоа глуво доба, навечер. Тој ја прашува зошто таква нажалена седи во црковниот двор и ја тера да му каже нешто, бидејќи на тој начин и таа самата барем малку ќе се ослободи од товарот. Бабата ја кренала главата и посакала да каже нешто, но не можела од тие пусти солзи. Конечно, некако смогнала сили да му каже за што се работи. Бабата ја отворила козинената торба, и од неа извадила една крвава кошула. Кошулата била на син и, кој бил застрелан од Турците. Заминал да оди на пазар во Прилеп да продава жито и пченица. Но поминале три дена, а тој не се вратил. Бабата во меѓувреме раскажува како таа го учела нејзиниот син единец како да се однесува со Турците. Никогаш ништо да не им преречува. Секогаш да им се покорува. Еднаш се случило да им дојдат дома Турци и тие морале да ги служат. Кога тие побарале да дојдат сите тетки, сестри и женско што има да ги служи, синот нејзин одговорил дека немало никој освен мајка му. Тие почнале да му се закануваат. Тогаш мајка му почнала да ги моли да не го убиваат бидејќи тој е сираче само со мајка една. Тогаш таа и му викнала на синот да бега. Потоа таа се онесвестила. Кога се освестила, веќе немало никој. Станала и пошла во плевната. Таму го нашла синот Божин. Поминало доста време, а Турците не се ни појавиле во селото. Еден ден Божин заминал на нива и таму се сретнал со Грозда која го прашала кога ќе им биде свадбата. Тој одговорил дека ќе била пред Митровден. Потоа тој тргнал на пазар во Прилеп. Го пресретнале Турци-арнаути кои го застрелале и му го распарале телото со јатаган. По два дена неговото тело и го донесле нејзе. Цел ден и ноќ лежела на него/до него. Потоа го измила и преврзала, бидејќи главата му била на две половини. Потоа поканила два-три попа, роднини и познајници, негови врсници кои го кренале и спуштиле во гробот. На крајот бабата завршува со исказот дека од него само неговата крвава кошула и останала и дека со неа и во гробот нејзин ќе влезе. На тоа, нараторот и ветува дека дека нејзината приказна засекогаш ќе ја памети.
This entire review has been hidden because of spoilers.
Поемата служи како далечен ек за тогашниот поробен народ.
"...имах чедо, имах сина, а сега гонемам. Само ми остана, младо, крвава кошуља, над која ја тажам, плачам, врели с’лзи лијам. Вардам синовна кошуља, крвава кошуља, и сос неја ја ште легнам в гроб студен и т’мен…"
"...кат пораснеш, ког’ јунак ти станеш, срце ти кога затупа, в жили крв заврие, негли, синко, ште отплатиш на мој клетиј крвник…"
интересно, ама подобро ќе беше ако Жинзифов (како и ногу други Македонски автори од тоа време) не беше принуден да ја напише поемава под влијание на фашист- хаха мислам бугарски пропаганди.