Книгата „Отуѓување“ е роман – драма, и се темели на вистински настани кои се случуваа и сеуште траат во нашето реално време. Темата е отуѓувањето на децата како појава и процес. Се работи за многу подмолна појава, односно процес, на кој се изложени голем број деца веќе од нивната најрана возраст. Низ голготата на еден родител, низ неговата борба за спас на своето малолетно дете од процесот на отуѓување, во романот се откриваат методите на отуѓувањето кое го врши другиот родител. Без стручни дијагнози и експертски толкувања на отуѓувањето, романот, низ емоциите на двајцата родители од кои едниот е отуѓувач, ги опишува и слика страдањата на нивниот заеднички син.