Приказната за момчето Силјан, кој единствен од многуте браќа останал жив, па таков разгрален, не сака да работи, туку само да ужива. Го женат мал, а тој постојано е во Прилеп, по кафеаните, додека сите други од семејството работат в поле.
Тргнува на аџилак, но гемијата ја удира бран и таа се крши. Преживува само Силјан. Наоѓа село со чудни луѓе. Со долги нозе и големи носови. Тие луѓе се проколнати од своите родители векови наназад. Проклетството нивно е да не можат да добијат пород. За сепак да имаат деца, тие се капат во извор со вода, се претвораат во штркови, доаѓаат во Прилепско, тука изведуваат млади штркчиња, а по враќањето во нивното село, се капат во друг извор и стануваат луѓе. Тоа се повторува од година во година. И Силјан се престорува во штрк, за да се врати дома.
Наравоучението е да се слушаат мајката и таткото, оти нивната клетва лошо фаќа.